Реклама
Вирално

Загуба која не може да се опише со зборови: За помалку од еден месец ги загуби мајката, таткото и двете сестри, се извлече само синот

Реклама

Коронавирусот однесе безмалку 800.000 животи ширум планетата, а најпогодени од пандемијата се САД.

Повеќе од 170.000 Американци ја загубија битката со короната во овие шест месеци колку што трае пандемијата од кови. На дневно ниво ширум САД се заразуваат на 50.000. Луѓе останаа без своите најблиски, а трагичната судбина ги допре и семејството Баутиса од Тексас.

Маркетинг

Четири членови од семејството починаа како последица од коронавирусот во период помал од еден месец. Жртви на короната беа мајката, таткото и двете ќерки во периодот од 14 јули до 3 август. За големата трагедија, за локалните медиуми зборуваше Гери, единствен потомок од семејството Баутиса кој преживеа.

Прво починала постарата ќерка Ангелика (49) па на 31 јули почиnа мајката (70). Само три дена подоцна на 3 август, почина и втората ќерка Марисол (37), а на 11 август почиnа и таткото на семејството Абелардо Баутиса (75).

Маркетинг

„Изгледаше дека таткото се опоравува од короната. Со него состојбата беше во ред, мислев дека се опоравил, но губењето на трите сакани лица го повлече на дното. На крајот и тој полина“, раскажа неговиот син Гери, кој исто така поминал низ „пеколот на короната“, како и неговата сопруга.

„Во еден момент се плачеше цело време, а тогаш кога почина и таткото, бев скршен. Беше тоа страшен шок“, раскажа Гери.

Тој поради короната помина неколку дена во болнциа, но на крајот успеа да се опорави.

„Секој пат кога ќе се закашлав имав чувство дека некој ми ги притиска белите дробови. На сите заразените и mртвите им се статистика и број, но тоа се човечки суштеста. Не смееме да зборуваме само за броеви. Треба да кажеме дека биле нечии татковци, мајки или деца“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button