Реклама
Вирално

Жена реши да го донира бубрегот на својата болна шефица, но наместо благодарност доби отказ и животот и се претвори во кошмap

Реклама

Една жена открила дека на нејзината шефица и откажуваат бубрезите, па се понудила да и донира еден.

Но нејзината дарежливост ја чинеше скапо.

Маркетинг

Џеки Брусја (61) и се пожалила на својата вработена Деби Стивенс дека не може да најде донатор, по што таа и понудила да и го даде својот бубрег за да и го спаси животот.

Тие двете се запознале додека работеле за компанијата Атлантик Аутомотив Груп, која продава автомобили во Њујорк.

Маркетинг

Стивенс две години беше вработена во оваа компанија. Ја напуштила во јуни 2010 година, кога се преселила во Флорида.

Неколку месеци подоцна, таа повторно дојде во Њујорк, каде ја запознала Џеки која се пожалила на својот здравствен проблем. Џеки Брусја, наводно, имала потенцијален донатор, но Стивенс, како што тврди таа, била толку дарежлива по природа што решила да и го понуди својот бубрег.

Но потоа, Стивенс реши повторно да се пресели во Лонг Ајленд и ја праша Брус дали може да ја врати на работа, што таа и го стори. Два месеци подоцна, Брус ја прашала дали сè уште сака да и го даде својот бубрег.

Бидејќи не била целосно компатибилна со Брус, Стивенс го дала својот бубрег на една група за трансплантација на органи, за да може нејзината шефица да добие бубрег од некој што бил компатибилен со неа.

Во август 2011 година, Стивенс беше подложена на операција по која како што самата вели се чувствувала многу лошо и постојано имала болки. Таа земала боледување, но тоа не и се допаднало на нејзината шефица.

„Не можеш да си одиш дома кога сакаш. Луѓето ќе мислат дека имаш посебен третман тука“, наводно и кажала шефицата.

Постојано била малтретирана на работа, а потоа нејзината канцеларија била преместена, така што секојдневно морала да патува 80 километри. Нејзе и било забрането да оди дури и во тоалет надвор од својата пауза и цело време мораше да носи тешки работи. Деби се пожалила на раководството на компанијата, по што била отпуштена. Причината за ова бил дека не била доволно добра за нејзината работа.

„Ми беше шефица и јас ја почитував. Не сакав да го изгуби животот. Ова е многу болно искуство за мене“, изјави своевремено Деби Стивенс.

Но таа денес е толку бесна од нејзината одлука да биде отпуштена, што си го бара бубрегот назад.

Но за да го добие назад потребно е минимум да поминат четири операции. А Стивенс има проблем да финансира прегледи и операции, бидејќи нема пари да го покрие осигурувањето откако останала без работа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button