Реклама
Новости

Женава е суперхерој – создава уникатни кукли „Кукла каке мене“ за деца со хендикеп, нивните реакции ќе ви го стопат срцето

Реклама

Сите суперхерои имаат моќ.

Некои можат да летаат, некои имаат супер сила, но овој наш херој има супер вештини со машина за шиење.

Маркетинг

Еми Јандришевич создава „Кукла како мене” за деца со хендикеп и влијанието што го има врз нив е непроценлива.

Маркетинг

Еми работела како социјален работник во одделение за педијатриска онкологија пред да дојде до својата неверојатна идеја. Таа применувала терапија преку игра со млади пациенти користејќи кукли. Но, по некое време, сфатила дека куклите што ги користела имале блескава коса и изгледаат дека се во совршено здравје. За жал, тие не беа како децата со кои работела во одделението за болни од рак.

На тој начин и се роди прекрасна идеја да направи кукли кои имаат некоја мана, односно кои се исти како и децата. „Тешко е да постигнете детето да ја разбере својата убавина, кога тие не можат да видат репрезентација од самите себеси никаде. Дури ни во играчките со кои играат“ вели таа.

Еми почна да прави кукли кои изгледаат исто како и децата што си играат со нив. Таа ги прави под името „Кукла како мене”, и по четири години, денес има голема листа за чекање за нејзините специјални кукли.

Секоја кукла е уникатна. Кога родителите почнаа да дознаваат за моите кукли „Кукла како мене”, почнаа да се појавуваат барања за кукли кои ги претставуваат нивните деца со сите работи што ги прават посебни.

Еми досега има направено околу 300 вакви „Кукла како мене” кукли откако започнала да ги изработува.

Секоја кукла чини 100 долари за да се направи.

Возбудата што може да се види на лицето на детето кога ја добиваат својата кукла која изгледа исто како нив, е бесценета.

Ако некое семејство не може да си дозволи да плати 100 долари за „Кукла како мене”, Еми ветува дека ќе ги надомести трошоците колку што може. За да помогне во трошоците, таа постави оглас и на GoFundMe страницата за да ги покрие трошоците за материјалите и превозот. И изгледа дека луѓето многу ја поддржуваат нејзината мисија, бидејќи Еми веќе собра 23.000 долари од бараните од 25.000 долари.

Крајната цел за Еми е да може да ги испраќа куклите без семејства да мораат да плаќаат за патните трошоци.

Овие кукли се покажаа како суштински за благосостојбата на децата. Тие обезбедуваат удобност за децата кои минуваат низ многу тешки времиња. Плус, тие не се чувствуваат толку различни кога имаат кукла која изгледа исто како нив, вели суперхеројот на оваа приказна.

Секоја од куклите е направена имајќи го во предвид детето за кого е наменета. Тие се направени за различни етнички групи, со разлики во екстремитетите, деформитети на телото и други здравствени аспекти.

Исто така при изработката Еми ги зема во предвид и личните интереси на детето. Кога ќе добие конкретно барање, таа секогаш вели: „Ако е нешто што можам да го направам, тогаш јас сум подготвен да се обидам. Овие деца се совршени токму онака како што се!“

Куклите „Кукла како мене“ се толку важни за децата кои ги поседуваат. Во свет каде што можат да се чувствуваат поинаку, овие кукли им помагаат да се чувствуваат посигурни, а Еми е, секако, херој на сите овие деца.

Ако сакате да донирате на кампањата на Еми, можете да ја посетите преку GoFundMe страницата.

Исто така, сакаме да ги слушнеме вашите мисли во најсреќните, па не заборавајте да ги оставите вашите мислења во делот за коментари, но и да ја споделите оваа приказна со вашите пријатели и на тој начин сите заедно да допринесеме да се шири свеста за „Кукла како мене”.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button