Реклама
Вирално

Емотивна исповед на една мајка која со бебето поминала пет дена под РУШЕВИНИТЕ – во очај морала да пие од сопственото млеко

Реклама

Некла Камуз се породи на 27 јануари кога го роди својот втор син на кого му го даде името Јагиз што значи храбар.

Би-би-си

Само десет дена подоцна, во 04.17 минути по локално време, Некла била будна и го хранела синот во нивниот дом во јужната турска покраина Хатај. Еден момент подоцна биле затрупани со огромна количина рушевини.

Некла и нејзиното семејство живееле на вториот кат од модерна петкатна зграда во Самандаг. Како што вели самата, тоа било „убава зграда“ . Но никој не можеше да претпостави дека тоа утро ќе биде срушена речиси целата населба, како и зградата во која што живееше оваа мајка.

Маркетинг

„Кога започна земјотресот, сакав да отидам кај својот сопруг кој се наоѓаше во соседната соба, а и тој го сакаше истото“, вели таа.

Би-би-си

„Но додека се обидувал да дојде до мене со нашиот втор син, на нив паднал плакарот и не можеле да се поместат“.

„Како земјотресот стануваше сé посилен, падна ѕидот, целата соба се тресеше, а зградата почна да се движи. Кога сопре сé, не сфатив дека пропаднав еден кат. Ги повикував, но немаше одговор“, раскажува Некла.

Маркетинг

Триесетгодишната мајка се затекла како лежи со бебето на градите, кое се уште го држела во своите раце.

Плакарот што паднал покрај нив им ги спасил животите бидејќи спречил да ги здроби огромното парче бетон од рушевините. Во оваа положба ќе останат заробени речиси четири дена.

Прв ден

Некле лежела во пижамите под рушевините и не можеле да види ништо освен страшна темница. Во тој момент морала да се потпре на останатите свои сетила за да разоткрие што се случува околу неа. Најголемо олеснување и било тоа што нејзиното бебе се уште дишело.

Заради преголемата прашина најпрво имала проблем со дишењето, но како што вели, тоа набргу поминало. Под рушевините било топло.

Чувствувала дека под грбот и се наоѓаат детските играчки, но не можела да се помести за да види или да се наместо за да и’ биде поудобно. Покрај плакарот, меката кожа на своето бебенце и облеката што ја носела, не можела да почувствува ништо друго освен бетон и крш.

Кога слушнала гласови во далечина се обидела да повика помош. Почнала да удира во плакарот, но никој не и одговарал.

„Бев престрашена“, вели таа.

Би-би-си

Живот под земја со бебе на градите

Во темнината под рушевините, Некла потполно го изгубила чувството за време. Единствено што знаела е дека мора да издржи и да се грижи за малиот Јагиз, некако успевајќи да го дои во тесниот простор во кој што останале заробени со денови. Немало ни храна ни вода до која можела да дојде, па од очај се обидела да го пие сопственото млеко, но не успеала.

Постојано мислела на своето семејство – бебето на своите гради, но и на сопругот со кого шест години била во брак и синот кои останале под рушевините.

Би-би-си

Вистинско чудо

По повеќе од 90 часови поминати под земјата, Некла слушнала лаеж на куче. Најпрво се прашувала дали сонува, а потоа почнала да слуша и гласови.

„Дали си добро? Тропни еднаш ако си добро“, ја повикал некој од рушевините. Тие ја пронашле и внимателно копале за да ја лоцираат.

Првиот сноп светлина во очите

Кога спасителите ја прашаше колку е старо бебето Некле во тој момент не знаела што да им каже. Знаела само дека имало 10 дена кога се случи земјотресот.

Кога пристигна во болницата, Некла беше пречекана од семејството кои и кажале дека и нејзиниот сопруг Ирфан и тригодишниот син Игит се спасени.

Но тие биле префрлени во друга болница, затоа што претрпеле потешки повреди на нозете и стапалата.

Неверојатно, но Некла и Јагиз немаа никакви потешки физички повреди. Тие биле задржан само 24 часа во болницата, а потоа пуштени да си заминат.

Тажно е и тоа што Некла повеќе нема куќа во која може да се врати, па еден член од семејството ја однесе во син шатор направен од дрво и церада.

Внатре се вкупно 13 – сите ги изгубиле домовите.

Животот му го должи на Јагиз

„Мислам во случај моето бебе да не бише доволно силно да излезе на крај со ова, не би можела ни јас“, објаснува таа, пренесува Би-би-си на српски.

„Многу сум среќна што е новороденче и што нема да се сеќава на ништо“, додава оваа неверојатна мајка.

Во истото време некој ја вика. Тоа е нејзиниот друг син кој ја гледа од болничката постела со насмевка на лицето и ја поздравува со рачето.

„Здраво војниче, како си, сине мој“, го прашува таткото Ирфан своето бебе преку екранот.

Бонус галерија

Фото: Принтскрин/ Твитер

Медицинска сестра ги спасува пациентите од земјотресот во Турција

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Извор: Би-би-си

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button