Реклама
Вирално

Експертите откриваат дали ова лето ќе можеме да одиме на море – коронавирусот на многумина им ги растури плановите

Реклама

Есенските и зимските дестинации ќе бидат преполни како никогаш досега

Некои од нас и пред да избувне пандемијата резервираа одмор за јули или август, а оние кои немаат резервирано се прашуваат дали воопшто ќе можат да го видат морето ова лето. Со оваа тема се позанимава и еден британски експерт, кој вели дека голем број летни резервации веќе се откажани.

Маркетинг

Здружението на независни туристички оператори на Велика Британија изјави дека ако имаме среќа после три месеци треба да видиме како работите полека се враќаат во нормала. Тие изјавуваат дека е најдобро да патувате околу вашата матична земја и да не одите во странство.

Со ова се согласува и српскиот епидемиолог Предраг Кон, кој рече дека не знае каков вид на пресија ќе натера некого да замине на летување по ваквата епидемија.

Маркетинг

„Тоа е мое лично мислење и не се заснова на никаква епидемиологија. Кога имате ситуација кога постои ваква закана и се наоѓате во туѓа земја, подобро е да сте дома ако веќе тоа се случува низ целиот свет. Тоа е мое лично мислење “, изјави познатиот епидемиолог за медиумите.

Повеќето експерти велат дека сепак треба да почекаме барем до есен за да патуваме во странство, што значи дека тоа би можело да биде најрано во септември или октомври.

Поради новонастанатата состојба во светот со пандемијата, есенските и зимските дестинации веројатно ќе бидат пополнети оваа година како никогаш досега. Тоа посебно ќе биде така ако на луѓето им се советува да го прескокнат одењето на летувањезаради нивната безбедност.

Кога животот ќе се врати во нормала?

Од друга страна, според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала.

„Сакам да упатам порака дека нема да може лесно, целокупниот работен процес и животот, да се врати со ист интензитет, имајќи ги во предвид искуствата на другите земји. Секогаш постои ризик и за друг пик на новодијагностицирани пациенти. Следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, а на кои од наша страна и комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствени капацитети, угостители, како треба нивниот работен процес да го организираат за да во моментот кога ќе се одлучи дека е дојден момент да се отстранат ригорозните мерки, процесот постепено да се врати во нормала“, рече Филипче.

Што се однесува до празникот Велигден, ставот на Владата е дека за празниците ќе треба да важат истите мерки како и за овој викенд, најави Филипче.

Целта е да се избегнат контакти помеѓу луѓето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button