Реклама
Новости

Египет го згрози светот, но и фудбалерот Мо Салах!

Реклама

Па овие се бетер и од нашите политичари, човече!

Египетските власти го одобрија монструозниот план да се извезат околу 4000 илјади бездомни кучиња и мачки во земјите во кои се јаде месо од овие животни. На ова веднаш реагираа организациите за заштита на животните. Коментар има и најголемата ѕвезда на египетскиот фудбал Мо Салах.

Маркетинг

Имено, египетската влада се најде на удар на организациите за заштита на животните, но и многу познати личности кои се згрозени од планот земјата да извезе околу 4000 кучиња и мачки. Организациите стравуваат дека животните ќе бидат извезени во земји во кои се јаде месо од овие животни. Меѓу оние што се побуниле против овој монструозен план на владата е и фудбалерот на Ливерпул, кој во Египет има статус на божество, Мохамед Салах.

Тој на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија од своите миленици – мачки со следниов коментар: „Кучињата и мачките не смеат да бидат испратени никаде. Тоа едноставно не смее да се случи“, напиша живата легенда и додаде фотографија на која е опкружен со своите преубави сијамски мачки.

Маркетинг

Проблемот со бездомните кучиња и мачките во Египет (впрочем како и кај нас) е сериозен. Според информациите на локалните медиуми, министерот за земјоделство одредил околу 2400 мачки и околу 1600 кучиња да бидат извезени во други земји („генијално“ решение, нели?).

Од тоа министерство прецизирано е дека сите животни се вакцинирани и дека ќе бидат извезени според сите процедури. Не е објаснето само во кои земји планираат да ги извезат…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button