Реклама
Наши ѕвезди

Еве што направи Дарко Лазиќ кога дозна дека неговата поранешна повторно е бремена – една реченица која кажува сé!

Реклама

Како што српскиот „Ало“ неофицијално дознава од сигурен извор близок на пејачката Ана Севиќ, таа е во блажена состојба.

Дарко со својот син (Фото: Инстаграм)

Покрај познатата пејачка подеднакво е среќен и нејзиниот избраник бизнисменот Даниел Недељковиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, Ана неодамна открила дека е во трети месец од бременоста и се чувствува одлично. Oваа среќна двојка, како што пишува „Ало“, се уште никому не кажала за среќните вести, па дури ни на нивните родители, и сега за сега сакаат сè да остане во тајност.

Маркетинг

Таа го чека своето прво дете со својот избраник Даниел Недељковиќ, додека од бракот со Дарко Лазиќ веќе има ќерката Лорена, а еве како реагираше и познатиот пејач кога прв пат дозна за оваа вест.

Ана со Лорена (Фото: Инстаграм)

И посакувам се најдобро, и на неа и на бебето! Да биде здрава и сè да биде како што треба – изјави Лазиќ.

Маркетинг

Тој исто така само што дознал за оваа вест и немаше можност да и честита.

„Сè уште се немаме слушнато со Ана, и јас туку што дознав, но ќе се слушнеме, па ќе и честитам“, откри Дарко.

Фото: Инстаграм

Инаку, како што објавија неодамна медиумите, на Дарко многу колеги и пријатели наводно му свртеа грб затоа што воопшто не му дошол паметот и повторно си игра со судбината. После проблемите со законот, тој сега се соочува со нови непријатности, зошто нема ничија поддршка освен од кумата. Колегите кои му се нашле после неговата страотна несреќа многу се разочарани, зошто тој никому не му јавува на телефон, тука само тој се јавува кога му треба нешто, вели за медиумите извор близок до Дарко.

Марина со малиот Алексиј (Фото: Инстаграм)

Според него тој се уште си игра со судбината и со животот, и тоа е уште една причина што „никого сега од неговите стари пријатели не го интересираат неговите проблеми и глупостите што ги прави“, вели изворот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button