Реклама
Вирално

Еве на кои нови места во Македонија се воведува полициски час

Реклама

Бидете одговорни кон себеси и другите

Пандемијата или епидемијата од заразни болести како што е вирусот корона, како природни појави од поголеми размери што можат да ја загрозат безбедноста, животот и здравјето на поголем број луѓе спаѓаат во елементарни непогоди, односно катастрофи заради кои може да биде прогласена вонредна состојба и во цела држава.

Маркетинг

Па така покрај тоа што беше воведена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, од вчера Полициски час е воведен во пет струшки села, затоа што не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот.

Во прашање се Лабуништа, Подгoрци, Боровец, Октиси и Јабланица кои од вчера се под посебни мерки, односно полицијата ќе врши зачестено легитимирање, затоа што мештаните меѓу кои има и лица кои доаѓаат од високоризични земји, не ги почитувале препораките за самоизолација.

Маркетинг

Поради добиени сознанија за непочитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, месните заедници на пет струшки села на заеднички состанок, со претставници на МВР од овој регион, решиле да се преземат посебни мерки.

„Доколку се констатира дека лицата не се придржувале до препораките, може да се соочат со кривична одговорност, односно со затворска казна до една година“, се вели во заклучоците. Месните заедници на петте струшки села бараат разбирање од населението и укажуваат дека мерките кои ќе се преземат се со цел да се превенира ширење на вирусот КОВИД 19.

Според последните информации во Македонија во моментов има 18 заразени, а вчера се откриени 6 нови случаи.

ТАВ го затвори аеродромот во Охрид

Од ТАВ ги информираат патниците дека од полноќ е затворен аеродромот во Охрид, согласно препораките на Владата за корона вирусот. Оттаму истакнуваат дека денеска требало да се реализираат четири летови од Виена, Цирих, Малме и Базел.

-Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.

За информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер, Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс, Малме – 17 часот и 35 минути – Визер, Базел – 18 часот и 30 минути – Визер.

Ги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании, велат од ТАВ

Пендаровски ја активираше војската заради епидемијата

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, донесе одлука за ангажирање на македонската војска на териториите на општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба заради корона вирусот Ковид-19.

Одлуката е донесена со цел да се спречи ширењето на корона вирусот и справување со последиците од епидемијата, откако беше прогласена кризна состојба на територијата на општина Дебар и Центар Жупа, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Шест нови заразени во Македонија

Mинистерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес-конференција изјави дека се тестирани 12 луѓе, од кои позитивни се 6. Има една пациентка која се вратила од Барселона, а за сите други патници од авионот дадена е наредба за изолација. Жената е од Скопје.

Другите заболени се од Дебар, со што вкупната бројка се искачи на 18, соопшти министерот Венко Филипче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button