Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто овој пејач е новиот крал на бакшишот во Македонија – ЦЕЛА СВАДБА го китеа со пари

Пее и ги весели гостите, а тие и во кошулата му ставаат пари

Реклама

Нашиот познат пејач Ѓоко Јовиќ заедно со неговиот „Енерџи бенд“ важат за едни од најплатените музичари во Македонија.

Како што неодамна можеше да се прочита во нашите медиуми, тие во изминатиов период реализирале многу турнеи и концерти, а истовремено ги полнат дискотеките исто како и српските пејачи кога гостуваат во Македонија, така што на една листа се најдоа меѓу најбараните, но и најплатените музичари во нашата земја кои солидно заработуваат од својата професија.

Едноставно не може да помине викенд, а Ѓоко да не настапува некаде со неговата екипа и да направи луда забава.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Инаку, за овој пејач посебно специфично е и тоа што подеднакво работи како на веселби, така и во клубови и дискотеки.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Неговата тајфа е позната и по нивната хуманост, а нивниот таканаречен „куфер на хуманоста“, со кој на своите настапи собираа донации за лица на кои им беше потребна помош, се уште се зборува. Но како што изјави популарниот фолк-пејач во една пригода, тој воопшто не бил свесен дека овој нивен гест ќе предизвика голем интерес во јавноста, па според него целото внимание и благодарност му припаѓа на Бог, а тој само го први она што најдобро го знае – пее.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

„Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа“, изјави Ѓоко тогаш.

А како поминува една веселба со оваа екипа можевме да видиме деновиве преку видеото што Јокиќ го објави на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Станува збор за една свадбена веселба во Македонија од која можеме слободно да заклучиме дека Јокиќ е новиот крал на бакшишот.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Имено, пејачот со песна и музика ги подигна сите гости на нозе, а за доброто расположение си доби и голем бакшиш.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Пари едноставно летаа од сите страни, а Ѓоко во еден момент не можеше да ги држи во рацете, па му ги ставаа и во кошулата.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Од ова што го видовме можеме слободно да заклучиме дека Ѓоко и неговата екипа знаат навистина да направат луда атмосфера.

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Невестата и младоженецот нема да ја заборават оваа ноќ, но и гостите кои беа воодушевени од харизматичниот пејач.

А како изгледаше веселбата кога Ѓоко со својот глас и насмевка дополнително ги разгали гостите, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button