Реклама
Вирално

Еве зошто денес е еден од најубавите празници – се верува дека на верничките ќе им биде исполнета една желба ако го направат ова

Реклама

Македонската православна црква и верниците денес го слават празникот посветен на Блажената Марија, во народот позната и како сестрата на Свети Илија.

Овој празник е многу почитуван кај Македонците, а особено кај жените, иако не е со црвена буква во црковниот календар.

Маркетинг

Според народното верување, Блажената Марија е сестра на Свети Илија Громовникот.

Блажената Марија е многу почитувана кај нашиот народ, особено кај жените. Иако празникот не е со црвена буква во црковниот календар, се почитува како Огнена Марија и Света Петка.

Тој ден е всушност спомен на Марија Магдалена. Родена е во планинските предели во Сирија, во близина на градот Магдала, поради што го добила името Магдалена. Во младоста била грешник, но Исус ја избави од гревовите. Подоцна стана негова ученичка, го следеше и ги слушаше неговите проповеди.

Маркетинг

Црвено јајце за воскресение на Христос

По Христовото воскресение, патува во Рим за да му го објасни воскресението на Христос на императорот Тибериј со црвено јајце. Кога пристигна во овој град Блажената Марија пред царот го обвини Понтиј Пилат, кој не сакаше да го заштити Исус, туку го осуди на смpт иако беше невин. Подоцна, Пилат беше лишен од своето високо достоинство и бил протеран во Западна Европа, каде што и го заврши животот. Од Рим, Марија Магдалена оди во Ефес, кај апостолот Јован Богослов, и таму по некое време ќе по чине.

Народно верување

Според народното верување, Блажената Марија е сестра на Свети Илија Громовникот.

Празникот посветен на Блажената Марија е многу почитувана кај нашиот народ, особено кај жените. Припаѓа на фиксните празници и иако нема црвена буква во црковниот календар, во тој ден, како и на Огнената Марија и Велика Петка ништо не се прави во куќата или во нивата.

Се верува дека Марија Магдалена е заштитничка на жените и постои обичај жените на овој празник да запалат свеќа, да се помолат и да замислат една желба. Патем, Марија Магдалена се спомнува во житијата на светците како „светата маченичка рамноапостолка“ . Заедно со Пресвета Богородица, таа тагуваше под распнатиот Христос на Голгота и три пати го посетила неговиот гроб.

Господ два пати и се јави

Според Евангелијата, по Воскресението, Господ два пати и се јавил, додека во преданијата се тврди дека го посетила Рим, каде му дала на императорот Тибериј црвено бојадисано јајце и го поздравила со зборовите:

„Христос воскресна!“ па се верува дека обичајот за бојадисување на велигденските јајца е поврзан со овој настан. Таа го заврши животот мирно во Ефес, а нејзините свети мошти подоцна биле пренесени во Цариград.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button