Реклама
Вирално

Денес никако не смеете да се омрсите, го славиме Свети Лав, епископ Катански

Реклама

Денеска е Св. Лав Катански.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари.

Маркетинг

 

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните.

Маркетинг

Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува. Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар.

Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а свети Лав остана недопрен од огнот.

Од ова сите што беа заведени од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button