Реклама
Наши ѕвезди

Девојката на Дарко Лазиќ го посети во болницата – само месец дена пред несреќата пејачот и купи свршенички прстен од 15 илјади евра

Реклама

Девојката на Дарко Лазиќ секојдневно доаѓа во болницата во која лекарите вчера по шест дена од тешката сообраќајна несреќа, успеаја да го разбудат од кома.

Познатиот пејач штом се разбуди од вештачката кома можеше да ги види родителите и поранешната сопруга, но барал во собата веднаш да влезе и Марина, неговата девојка како што пренесува српскиот Курир.

Маркетинг

Марина Гагиќ срцето на Дарко го освои за кратко време, а само по неколку месеци врска тие решија и да почнат да живеат заедно. Таа сега не се одвојува од неговите родители со кои живееше и пред да се случи сообраќајната несреќа кога пејачот четири пати се преврти со своето БМВ.

Маркетинг

„Сакам да можам сега на Дарко да му кажам дека го сакам најмногу на целиот свет, и дека ќе бидам покрај него до крај“, изјави таа пред неколку дена. Таа и Дарко се свршија по половина година врска, а пејачот за неа купи и свршенички прстен за кој не штедеше воопшто.

https://www.youtube.com/watch?v=V-c_ThlpKy4

 

„Убаво ни е, уживаме. Се ни оди лежерно, не се брзаме и брак се уште не планираме. Најмногу ми се допаѓа што е нормална, сосема обична девојка. Ми одговара токму таква каква што е и искрено да ви кажам, таа е девојката што ја барав цел свој живот“, изјави Дарко пред месец дена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button