Реклама
Наши ѕвезди

„Да знаев порано за ова немаше ни да се земеме“ – Тања Кочовска откри детали за својот брак и ги изненади сите

Реклама

Тие се еден од ретките парови на естрадата кои знаат и умеат да ја негуваат љубовта, на која многумина може само да им позавидат.

ФОТО: Принтскрин

Актерката Тања Кочовска и нејзиниот партнер Предраг Павловски се во брак веќе 25 години.

Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има 31-годишниот син Александар, а од бракот со Предраг 25-годишната Нела.

Маркетинг

Во интервју за „Репортер“ актерката откри детали од приватниот живот кои можеби скоро никој не ги знаеше. Ја отвори душата и зборуваше за сѐ низ што поминала и со што морала да се избори.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Актерката сподели со публиката и како започнала романтичната приказна со Предраг.

Маркетинг

„Со Предраг ние сме колеги од факултет. Тој се забавуваше со една девојка со години. Секогаш излегувавме на исти места и се среќававме. Кога се вработив во Театар за деца, во исто време дојде и Предраг. Кога видов дека одреден дел од персоналот го загледува, па почнав и јас. Во тоа време со 50 килограми почнав минич да носам, па само нешто ми паѓаше за да се наведнам, меѓутоа не ме приметуваше.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Потоа го прашав зошто. Во тоа време бев во екот на популарноста со „Твоите очи сини“ на Макфест. Ми кажа „мислев дека имаш некој шеик за дечко и те зема со кола со 6 врати“. А, јас тогаш бев популарна, меѓутоа живеев под криија бидејќи бев скарана со моите. Јас морав сама да се издржувам и да плаќам кирија. Со тоа што ем работев, ем чистев по куќи за тие што ми даваа за кирија и ги чистев скалите во зградата и тоа го работев можеби година дена. Јас не се срамам од тоа. Тоа го кажувам отворено.

ФОТО: Тања Кочовска / Инстаграм

Една вечер останав во кафеана со Предраг до 5 сабајле. И тогаш ме побара за жена.

Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш. Ама ете се зедовме“, искрено одговори раскажа Тања.

Иако сѐ започнало на шега, еве и ден денес парот живее сложно и ја одржува својата љубов.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Она што многумина ги насмеа беше фотографијата која Тања ја сподели на Фејсбук, а на која таа му го мери притисокот на Предраг, по повод годишнината од брак.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

„Вечито ми го крева притисокот, затоа што е многу помирен од мене. Често велам порано сме си се сакале, сме си воделе љубов, а сега си мериме притисок ич око не ни трепнува. Не е музикален, фалш пее, тоа многу ме нервира. Да знаев порано немаше ни да се земеме можеби“, се пошегува Тања. Кога бевме во Грција почна да пее и некако ја погоди песната и така го засакав“, се пошегува Тања.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

И двајцата работат иста професија, во ист театар и поголем дел од времето се заедно. Тоа умее да биде напорно и да ги презаситува партнерите еден од друг, но Тања откри како тие се снаоѓаат.

„Ужас е да се биде во брак со колега. 24 часа со маж или со жена се седи ли?“, запраша актерката, но сепак се надоврза:
„Ние сме си пар којшто си се сака, којшто живее многу убаво. Не дека нема лоши моменти. Меѓутоа сме среќен, задоволен пар, се уште сме здрави и живи, си работиме разговараме за сѐ. Во суштина можат само да ни позавидат“, кажа актерката.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Таа е доста активна на социјалните мрежи, а најчесто споделува фотографии од своите деца. По повод нивните родендени знае да напише и емотивна порака.
„Александар е последен од нас. Прво ѝ е роденден на ќерка ми, после сум јас 21 јануари, предраг е 4 јануари,и а Александар е последен 16 февруари. Зимски деца најубави деца“, вели актерката.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Освен со Предраг, Тања претходно била во брак со актерот Љац, за кој има само пофални зборови.
„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам. Тетките на мајка ми запнаа свадба. Која свадба, ние знаевме дека ќе се разведеме“, раскажа Тања.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Вели дека не дозволува ништо да застане меѓу нејзините деца и дека се труди максимално тие секогаш да бидат блиски.
Александар и Нела се многу блиски. Не се гледаат секој ден. Алекандар живее со девојка, а Нела е сѐ уште со нас. Меѓутоа не давам да се одалечат. Сѐ ќе направам за да се борат еден со друг.

Да се сакаат и да се почитуваат. Прво они да се почитуваат, нас да не почитуваат, па сѐ околу. Да нема квага, да не се скараат за ништо, или за имот. Значи јас до ден денес кога носам подароци, носам со цената на нив. Они ми викаат „добро Тања“ и секогаш се трудев, никогаш проблем не ми направиле. Почитта меѓу нив не сакам да ја поремети ништо“, рече актерката.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

И нејзиниот пораешен сопруг Љац има ќерки од вториот брак кои одлично комуницираат не само со Александар туку и со Нела, што ја прави среќна актерката.

Актерката е една од ретките која без комплекс зборува за своите килограми, но и за годините.

„Имам 54 години, зошто да ги кријам годините, кога правам салто во вода.Во младоста многу се бавев со спорт. За гимназија пливав, играв ракомет. До ден денешен сѐ уште немам проблем да направам салто поради спортот“, кажа актерката и откри како од спортот умее да заработи и пари.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

„Јас заработував од тоа на море. Седиме со колегите од театар на плажа и се договоривме да се натпреваруваме со скокови во вода. И јас им кажав јас прва ќе рипнам и ќе ви кажам како. Сите се потсмеваа. На почетокот плашливо влегував во вода, за на крајот да завршам со салто и секогаш ги земав парите. Не беа малку, 50 или 100 евра“, кажа Тања.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Една од најинтересните фотографии кои ги има објавено на социјалните мрежи е фотографијата на која таа позира во котим за капење, додека четворица мажи ја држат во раце.

„Бев сама на одмор во Ријека кај мои пријатели, и кога отидовме на плажа ги сретнав тие згодни момци. Бидејќи во минатото се бавев со пливање и скокови во вода, а тие тоа не го знаеа, се договоривме да одиме на пристаниште и да се натпреваруваме. Кој ќе победи, ќе мора да го дигнеме на раце. Кога победив јас, беа од памет извадени што треба да ме дигнат. Нормално, “храбри” како и сите мажи на крај се сложија да го направат тоа, ама во вода, за да им бидам полесна, хахаха. И сега,треба ли да објаснам зошто кога ја објавив сликата напишав “Животот е прекрасен”, кажа Тања.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Во продолжение погледнете фотографии кои сведочат за слогата и љубовта која владее во нејзиното семејство:

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button