Реклама
Вирално

Грција летово посакува туристи, ама оваа летната сезона е со нови правила – негативен корона тест и низа други одмор на грчките плажи

Реклама

Грција како и секогаш сака и ова лето да пречекува туристи, но мора да бидат преземени мерки на претпазливост и како земја да покаже лидерство во управувањето со пандемијата од коронавирусот, наметнувајќи правила со чие почитување сите би се чувствувале безбедно, изјави грчкиот министер за туризам Хари Теохарис.

grcija odmor1Во интервју за Би Би Си радио, тој рече дека е многу важно, во моментот додека се размислува за повторно покренување на моторот на економијата, како да се овозможат патувања и како одговорно тоа да се направи, пренесе АНА.

На прашањето дали мерките ќе вклучуваат и негативен тест на коронавирус од туристите пред да отпатуваат, грчкиот министер потврди дека тоа е една од идеите за кои разговарале со грчките епидемиолози, иако се уште не е одлучено ништо, и дека најверојатно ќе има одредени барања пред да се тргне на патување.

Маркетинг

– Да, ние сакаме луѓето да дојдат во Грција. Секако дека ќе преземеме мерки за претпазливост во поглед на барањата пред патувањата, одредени барања според начинот на кој патуваме, начинот на кој остануваме, на плажите итн. рече грчкиот министер за туризам и додаде дека сигурно ќе се применуваат правила за социјално дистанцирање.

– Но ние дочекуваме туристи повеќе од 50 години, и сакаме да продолжиме да покажуваме гостопримство по кое веќе сме познати, рече Теохарис.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button