Реклама
Вирално

Големиот бате Пандев гордо ги игра последните минути во дресот на МАКЕДОНИЈА: „Подобро збогување не можев да посакам“

Реклама

Човекот кој испиша историја за Македонија соопшти дека е крај на неговата кариера во репрезентативниот дрес .

Горан Пандев кој е е еден од најзаслужните што Македонија доби шанса да игра на ЕП2020, а сега најави дека ќе се пензионира и дека натпреварот против Холандија е неговиот последен.

Маркетинг

Пандев вчера официјално објави збогување со националниот дрес.

Иако многумина можеби ќе се растажат поради ова, сепак Пандев направи многу за македонската фудбалска репрезентација и ваквиот успех секако ќе се памети.

Маркетинг

„Да, ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Не знам како ќе биде во Италија, но играње на два фронта, и во Италија и во репрезентативниот дрес е преголем товар и затоа дуелот со Холандија е дефинитивен крај. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на репрезентативниот фудбал, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум знаејќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“ – истакна Пандев .

Тој наведе дека ова е најдобриот начин за збогување и дека не можел да посака повеќе.

„Среќен сум што се збогувам на еден ваков начин, на едно големо натпреварување. Среќен сум што се повлекувам на ваков начин. Може да кажам дека подобро збогување од дресот на еден дуел против Македонија, на Европско првенство не можев и да посакам“ рече Горан.

Инаку тој две децении го носи националниот дрес, а неодамна исплива и стара фотографија од пред две години.

Пандев пред дваесет години, а еве како изгледаше:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button