Реклама
Наши ѕвезди

Голема радост во домот на Ана Севиќ: Најмногу се израдува ќеркичката Лорена кога го дозна полот на бебето

Реклама

Ана Севиќ покрена лавина коментари кога преку социјалната мрежа Инстаграм откри дека ќе роди уште едно девојче. Инаку, пејачката од бракот со Дарко Лазиќ ја доби ќеркичката Лорена, која на сестричката секако најмногу ќе ѝ се радува.


„Изненадување! Чекаме генетско здраво девојче! Ви благодарам на сите на честитките и убавите желби“, порача Ана додека на нејзиниот профил продолжија да се нижат честитки.

Маркетинг

Пејачката Ана Севиќ и нејзиното момче Даниел Недељковиќ наводно ќе се венчаат на пролет идната година, дури откако ќе се породи.

– На Ана и Даниел во моментов единствено им е важно бременоста да помине во најдобар можен ред. Свадбата ја планирале и пред да дознаат дека пејачката е бремена, но коронавирусот им ги помати плановите и ги натера да ја одложат за наредната година, вели извор близок до двојката.

Маркетинг

– Организацијата на свадбата, гужвата, гласната музика и фешта до зори не е нешто што им годи на бремените жени. Ана и Даниел не сакаат со непромислени одлуки да го загрозат животот на бебето, па така прославата ја поместија за идната година, рече извор.

Ана, наводно ќе го земе презимето на Даниел, но во јавност поради работата и натаму ќе се претставува како Севиќ. Инаку пејачката и нејзиниот партнер долго посакувале дете но тоа не им успевало.

Ана и Даниел три месеци криеја од сите, па и од родителите, дека ќе станат родители. Сакале да се уверат дека сѐ е во ред и дури откако пејачката ги направила сите анализи и прегледи и откако лекарите ја убедиле дека сѐ е во најдобар ред, малку се опуштиле, вели изворот.

Изворот открива и дека Даниел за својата поубава половина се грижи повеќе од кога и да е и прави сѐ ништо да не и недостасува.

https://www.instagram.com/p/B-2cQDFAIrw/

– Буквално ѝ ги исполнува сите желби. Иако Ана и пред бременоста се хранеше здраво, сега уште повеќе води сметка за внесот на хранливи состојки, овошје и зеленчук. Грижата и обврската околу ќерката на Ана, Лорена, од бракот со Дарко Лазиќ, исто така ја презел на себе за да може пејачката повеќе да се одмора, вели изворот, додека пак пејачката и натаму не сака ништо да коментира за нејзиниот приватен живот.

https://www.instagram.com/p/CBoDgFvgigo/

Пејачката треба да се породи на почетокот на ноември.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button