Реклама
Наши ѕвезди

Годините НЕ Ѝ МОЖАТ НИШТО: Погледнете како денес изгледа пејачката Искра Трпева – сопругот и ќерката ѝ е најголема поддршка

Реклама

Нејзините песни се знаеја напамет, кон крајот на 90-те беше една од напопуларните пејачки на македонската музичка сцена.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Пејачката Искра Трпева е родена на 1 јануари во 1973 година во Скопје.

Таа е професор по соло пеење, професијата со којашто се занимава и денес. Мажена е за поранешниот македонски фудбалер Благоја Арсовски. Учествуваше на многу македонски фестивали, а највеќе на МакФест.

Маркетинг
ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Трпева својата естрадна кариера ја започна со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој период се Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се.

Таа денес е среќно мажена и остварена како мајка, а годините не се гледаат на нејзиното лице.

Маркетинг
ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето емејство. Иако се повлече од јавната сцена, народот сѐ уште ја памети и нејзините хитови и ден денес се пеат.

„Никогаш не сум кажала дека се повелкувам, впрочем нормални се тие периоди на неактивност поради многу работи. Толку активна како што бев некогаш не сум, но сепак сум тука. Последната композиција „Далечина“ беше пуштена летото 2019, значи само една година немам нова. Бидете трпеливи…“, изјави Искра во интервју за „Гламур“.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Поради пандемијата коронавиру се преземаа различни мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Токму затоа учениците ширум светот почнаа со онлајн настава.

На пејачката и професорка ѝ недостасува наставата со физичко присуство и се надева дека набрзо ќе се врати старото нормално.

Според Искра ниту една друга настава не може да ја замени класичната. Како што самата умее да каже, таа никогаш се нема откажано од музиката и постојано е опкружена со музика.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Но, она што најмногу ја исполнува пејачката е мајчинството. Таа е горда мајка на Ангела, која веќе тргнува по нејзините стапки. Ангела е ученик во нижото музичко училиште, инструмент пијано. Желбата да се запише на музичко била на Ангела, а нејзините родители ја поддржуваат во секој нејзин чекор.

„Ако пред тоа ми беше музиката на прво место, сега е мојата ќерка Ангела. Да го осетиш мајинството е тоа е возвишено и благословено чувство. Повеќе ништо не е исто. Чуствуваш дека живееш за неа“, изјави Искра за „Гламур“.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Ангела наполни 8 години, а гордата мајка не пропушти роденденот да ѝ го честита јавно.

„Насмевката нека биде твојот пријател цел живот. Ти си нашето сѐ. Мама и тато многу те сакаат. Среќна деветка мајкина“, напиша Искра под фотографијата со Ангела.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Широката насмевка е заштитен знак на пејачката, која ретко можеме да ја видиме во лошо издание. Она што малкумина го знаат е трагедијата која пејачката ја има доживеано. Пред скоро 12 години таа го загуби својот син Петар. Сепак, ќерката Ангела успеала да ја врати нејзината насмевка, изјавила во една пригода Искра Трпева.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Она што секој го забележува е тоа дека пејачката воопшто се нема променето. Годините не ѝ можат ништо, има беспрекорна линија и младолико лице.

Ја гази петтата деценија, а може да се пофали со витко тело, на кое може да ѝ позавидат и помладите колеги. И нејзиниот сопуг Благоја изгледа одлично. Од фотографиите од нивните летни одмори кои Искра ги сподели на социјалните мрежи се гледаат мама Искра и слатката Ангела кои се сончаат и си играат о водата, а тато Благоја мами женски воздишки позирајќи и на сопругата покрај морето.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

Пејачката долго време нема извадено некоја песна, но за Гламур откри дали можеме да очекуваме некој нов хит.
„Зошто да не. Нема да дефинирам но сигурно ќе има, на мое и се надевам на задоволство на публиката“, откри пејачката.

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

ФОТО: Искра Трпева Арсовска / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button