Реклама
Наши ѕвезди

Ги собра сите погледи: Македонската актерка прошета по долна облека на железничка

Македонската актерка позираше по долна облека на железничката станица во Скопје.

Реклама

Најновите фотографии на Инстаграм профилот на Јелена се доказ дека актерката е во топ форма.

Со право може да се каже дека Јелена Јованова е една од најдобрите актерки кои Македонија ги имала, а нејзините успеси и надвор од нашите граници зборуваат за нејзиниот неверојатен талент.

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

Како најголем успех се смета нејзината улога на Есма во филмот „Во земјата на крв и мед” во режија на Анџелина Џоли и со оа стана најмладата актерка од Македонија која била дел од холивудски филм.

Многупати за македонските медиуми Јелена има изјавено дека до ден денес е во контакт со Џоли.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

Македонската публика ја засака како Јелена од Драчево, улогата која ја имаше во хумористичната серија „Преспав“. Оваа серија достигна неверојатен успех во земјава, па епизодите по неколку пати се реемитуваа на нашите телевизии.

Родена е во Бања Лука на 21 октомври 1984 година. Нејзиниот татко е Македонец од Штип, а мајка ѝ е Србинка од Приедор.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

Во 2015 година стапи во брак со нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, а во улога на родители се реализираа во 2020 година.

Својата приватност ја чува како змија нозете и многу ретко споделува детали од нејзиното секојдневие на социјалните мрежи.

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

По стапувањето во брак се пресели во Хрватска, па оваа година одлучи дел од одморот да го помине во својата родна татковина.

Прво го посети Охрид, од каде сподели и фотографија, па наврати и во Скопје.

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

Сепак, присуството овде го икористи да заврши некои од своите ангажмани, а една од нив беше и снимањето на реклама за еден бренд.

По тој повод актерката се соблече во долна облека и токму таква позираше на Железничката станица во Скопје.

Сигурни сме дека сите погледи биле вперени во неа. Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова
ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

ФОТО: Инстаграм / Јелена Јованова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button