Реклама
MAMAКафе муабет

Генијални цитати од „Малиот принц“ кои ќе ве научат на важни лекции и принципи

Реклама

„Малиот принц“ е третата најпреведувана книга на планетата. Таа е преведена е на повеќе од 250 јазици и дијалекти, годишно се продаваат околу два милиони примероци.


Ви издвојуваме некоку цитати од оваа книга кои ќе ве научат на важни лекции и принципи:

“Кога на тебе прв ти текне некоја идеја, ти земаш патент за неа и таа е твоја. Јас ги поседувам ѕвездите, бидејќи никој пред мене не се сетил да ги поседува.”

Маркетинг

“Каде се луѓето? …- Луѓето ли? Ги видов пред многу години. Но човек никогаш не знае каде да ги открие. Ветрот ги носи. Немаат корења и тоа им пречи многу.”

“Многу е потешко да си судиш сам себе, отколку да им судиш другите. Ако можеш да си судиш себе правилно, значи ти си вистински мудрец.”

Маркетинг

“Никогаш не ни се допаѓа таму каде што сме… Само децата знаат што бараат.”

“Пустината е убава – рече малиот принц, бидејќи крие некаде бунар …”

“Ти стануваш одговорен засекогаш за она што си го скротил.”

“Тоа е прашање на дисциплина – ми рече подоцна малиот принц. – Кога се подготвуваш наутро, треба да се погрижиш и за планетата.”

“Сите возрасни прво биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа.”

“Ако сакам да видам пеперутки, треба да отворам две-три гасеници”

“Ако сакаш еден цвет што постои само во еден примерок меѓу милиони и милиони ѕвезди, тоа ти доаѓа, за да си среќен, кога ги гледаш ѕвездите. Си мислиш: “Мојот цвет е таму некаде.”

“Времето што си го изгубил за твојата роза, ја прави толку важна”.

“Еве ја мојата тајна. Многу е едноставна: вистински се гледа само со срцето. Суштината е невидлива за очите.”

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button