Реклама
Вирално

Во Македонија оваа група на луѓе е во поголем ризик ако се зарази со коронавирусот – ги има многу, а главен виновник е ова!

Реклама

Во моментов регионов се соочува со вториот бран на корона.

Македонија е една од земјите која се најде на удар на новиот вирус, а бројот на заразени веќе со недели е голем.

Маркетинг

Болниците се преполни, постојано се јавуваат нови жаришта, а како што пренесуваат медиумите, наскоро ни се заканува и нова зараза. Имено, српскиот „Блиц“ пренесува предупредување од докторите дека на крајот од годината би можел да дојде до спојување на сезоната на вирусот корона и грипот, но пред тоа посебно е ризичен периодот што ги очекува оние кои се алергични на – амброзија, а кои од година во година ги има се’ повеќе и во нашата земја.

Сезоната на амброзија во главно започнува при крај на јули и почеток0т на август, и трае околу два месеци, иако многумина чувствуваат проблеми и пред и по овој ударен период, посебно откако заради промената на времето, продолжена е и сезоната н цветање до октомври.

Маркетинг

Зголемен е бројот на пациентите што се жалат на симптоми на алергија, а главниот „виновник” за тоа токму во овој период од годината е амброзијата, еден од најсилните поленски алергени, чие цутење наскоро ќе биде во полн ек.

Овој коров „напаѓа” и лица што претходно воопшто не биле алергични на него, а може да предизвика силни алергиски реакции, дури и анафилактичен шок. За да се ослободиме од поленските зрна на амброзијата, треба да се измијат лицето, рацете и косата, а облеката веднаш да се соблече и испере, предупредуваат лекарите.

Алергиската реакција најпрво се јавува на горните дишни патишта. Отежнато дишење и засилена секреција се основните облици на испоставување на алергиите кои можат во некои случаи да преминат во асматични напади. Ако алергијата ги нападне очите, може да се појави солзење, зацрвенување, чешање, дури и болка кога гледаат во светлост. Ако се работи за носот, симптомите се затнување на носот, кивање, течење проѕирен секрет и постојано чешање.

Ако ги нападне горните респираторни патишта може да има појава на кашлица, a ако ги напаѓа долните респираторни патишта и белите дробови може да се појави астматичен напад манифестиран со задушување и стегање во градите. Исто така, може да се јави и алергиска реакција на кожата, кога поленот од амброзијата ќе дојде во контакт со кожата кај луѓе што се алергични. За разлика од другите поленски алергии, кога симптомите се изразени дење, кај амброзијата овие симптоми може да се јават и во текот на ноќта кога пациентот е во домашни услови, поради големата отпорност на поленското зрно на разни физички надворешни агенси.

И ако земеме во предвид дека амброзијата влијае и на дишните патишта, а корона вирусот истиот ака ги напаѓа респираторните органи, сите кои се алергични на амрбозија всушност влегуваат во ризична група.

Пулмологот Татјана Радосављевиќ за „Блиц.рс“ вели дека таквиот ризик не се однесува само на лица кои се алергични на ова растение. И луѓето кои имаат изразени алергиски проблеми во смисла на таквите респираторни алергии, спаѓаат во група на поризични отколку здравите граѓани, објаснува таа. Таа додава дека иако сезоната за амброзија се уште не почнала, додека веќе почнале да се јавуваат оние кои се алергични на разни полени, треви, на коприва, бреза, липа.. Сите тие се со зголемен ризик за Ковид 19, истакнува таа.

Според неа, луѓето што патат од алергии со терапија треба да почнат уште од месец март, кога пролетните алергии ќе тргнат во „поход“. Првите симптоми на вирусот корона како што се кашлањето, кивањето и отежнатото дишење, слични се со симптомите кои настануваат како последица на присуството на алергени во воздухот.

Од таа причина лицата на кои порано не им се јавувале алергии, секако треба да се обратат кај докторите бидејќи се уште сме сред пандемија. И тоа во ваквите епидемиолошки ситуации тие треба да се јават во ковид амбулантата за да се исклучи инфекцијата со ковид-19.

Она што исто така треба да се нагласи се најважните разлики измеѓу симптомите кај короната и алергијата, а тоа е дека кај алергиите нема висока температура, како ни болка во гради што настанува доколку вирусот почне да ги напаѓа белите дробови. Но доколку симптомите се јават, секако треба да се јавите кај вашиот матичен или во Ковид центарот.

Проблемот допрва ќе се зголемува

Зголемен е бројот на пациентите што се жалат на симптоми на алергија, а главниот „виновник” за тоа токму во овој период од годината е амброзијата, еден од најсилните поленски алергени, чие цутење сега е во полн ек. Овој коров „напаѓа” и лица што претходно воопшто не биле алергични на него, а може да предизвика силни алергиски реакции, дури и анафилактичен шок. За да се ослободиме од поленските зрна на амброзијата, треба да се измијат лицето, рацете и косата, а облеката веднаш да се соблече и испере, предупредуваат лекарите.

Амброзијата е тип коров што го има многу и кај нас и во нашата околина и е одговорен за сезонската поленска алергија, која се јавува претежно во август и во септември, но сезоната на алергијата може да се продолжи ако летото и есента се многу топли.

Допрва ни претстои голем проблем со амброзијата, бидејќи промената на климата и високото ниво на јаглеродниот диоксид во воздухот доведува до тоа амброзијата да ослободува поголемо количество полен. Се смета дека еден корен на амброзија во една сезона ослободува и до милијарда поленски зрна, а бидејќи таа многу брзо се обновува и шири, добиваме инвазија на полен од амброзија вели д-р Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина” во Скопје. Таа појаснува дека амброзијата прави проблем бидејќи е еден од најагресивните поленски алергени зрното на поленот и семето на амброзијата опстануваат и не се распаѓаат и по неколку десетици години.

Таа агресивно се шири и може да се појави кај луѓе што имаат алергија на друг полен ако се изложени на високи концентрации, па со текот на времето да станат алергични и на амброзија, иако претходно не биле. Алергијата на амброзија може да доведе до многу јаки алергиски реакции, дури и до појава на анафилактична реакција. Кај луѓе алергични на овој коров многу често се јавува и т.н. орален алергиски синдром. Ова се случува при внесување прехранбени артикли (киви, банана, компир, целер, диња), кои кога ќе ги стават во уста почнува да се јавува боцкање на самата уста, која може да отече, но може да отече и јазикот, дури да се јави и отежнато голтање особено кога се внесува целер и компир. Ова се јавува поради вкрстениот тип на алергија, иако во основа овие луѓе не се алергични на храна, туку поради амброзијата и сличноста на хемиската структура на алергенот од амброзијата и на алергените што ги содржат овие овошја и зеленчуци појаснува д-р Бушљетиќ, пишува „acibademsistina.mk“

Косата да се мие, а облеката да се пере

Како мерки за заштита е од 10 до 16 часот да не излегуваме надвор, а ако мораме кога ќе се вратиме се препорачува веднаш да се соблече облеката и да се стави на перење за да се елиминираат поленските зрна на амброзијата, да се измијат лицето, рацете и косата. Да се исплакне носот со физиолошки раствор, да се користи клима-уред, но филтрите најмалку еднаш годишно да се чистат. Користење клима-уреди се препорачува и во автомобилите додека патуваме. Доколку амброзијата веќе прави симптоматологија, се препорачува користење лекови антихистаминици, кортикостероиди во вид на спреј за нос, а кај поинтензивните случаи давање антилеукотриенска терапија вели д-р Бушљетиќ.

Ако се јавила алергијата на очите, се даваат локални антихистаминици за очи, а ако е астма терапија за астма. Во однос на имунотерапијата, се дава имунотерапија со поткожно боцкање, но постои и сублингвална имунотерапија во вид на капки или таблети со што се овозможува постигнување толерантност кон амброзијата на определен период.

Извор: Блиц, Acibademsistina, Гламур,

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button