Реклама
Наши ѕвезди

Водителката Милена очекува принова – го покажа трудничкото стомаче и го откри полот на бебето

Реклама

Македонската водителка соопшти прекрасна вест.

Милена Антовска е една од најзгодните и најубавите водителки на нашата сцена. Таа е една од ретките кои максимално обрнуваат внимание на својот изглед.

Маркетинг

Милена е и голем професионалец и доста е посветена на својата работа.

Со нејзиниот глас и лик ни започнува скоро секое утро, а нејзиниот талент и харизма никој не оставаат рамнодушен.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Доста е активна и на социјалните мрежи, кои исто така ѝ служат како медиум и начин на заработка. Но, освен тоа таа таму често споделува и фотографии од своето семејство а се труди да оствари и контакт со своите фанови.

Отворено секогаш зборува за својот приватен живот и за сѐ она што ѝ се случува приватно. Публиката ја препозна искреноста кај неа и токму затоа има голема гледаност на нејзините емисии.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Водителката доста обрнува внимание на својот физички изглед. Со манекенската става и убавата насмевка го разубавува утрото на секој што ја гледа на малите екрани.

Позната е како жена која го сака женствениот, елегантен стил.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Инаку, водителката веќе неколку години успешно плови и во брачните води.

Таа и нејзиниот сопруг Гордан се запознале во кафеана, веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата им продолжила на социјалните мрежи. Набрзо после тоа започнале љубовна врска.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Недолго после тоа одлучиле да стапат во брак, па направиле и голема свадба. Пo венчaвкaтa вo Бигoрскиoт мaнaстир парот приреди и веселба за пријателите.

На нивната свадбена церемонија присуствуваа многу познати личности.

На фотографиите кои тогаш кружеа на социјалните мрежи можевме да видиме дека вoдителкa Милена Антовска изгледаше прекрасно во невестинскиот фустан.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Круна на нивната љубов е нивната ќерка Лана Марија.

Милена често на социјалните мрежи споделува фотографии од својата наследничка.

Таа во едно свое интервју изјави дека за името Лана се одлучиле веднаш кога дознале дека ќе имаат ќеркичка. Но, откако ќеркичката се родила на големиот христијански празник Голема Богородица, Милена и Гордан одлучиле да го додадат и името Марија.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Често на социјалните мрежи посветува емотивни пораки посветени за неа.

„Ти си дел од мојата душа, моето срце и моето тело. Ти си се’ што можев да посакам и замислам кога станав мајка. Ти си мојата љубов што ја уживам секој ден. Сакам да бидеш сакана и да се чувствуваш слободна, да бидеш се’ што ќе посакаш, а јас ќе бидам твојот столб, твоја поддршка и ќе ти го чувам грбот засекогаш… Мојата Лана Марија“, напиша водителката во опис на фотографијата на која лежи до својата ќерка.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Но, сега љубовта кон своето чедо водителката ќе мора да ја подели на две.

Имено, како што може да се види на фотографиите и видеата на социјалните мрњжи, а и самата таа потврди, водителката очекува принова.

Милена е бремена со своето второ дете.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

На многу нејзини фотографии и снимки објавени на Инстаграм веќе почна да се забележува трудничкото дтомаче.

Таа е навистина згодна трудница и мора да се признае дека изгледа фенименално, што дури е навистина тешко да се забележи дека водителката е влезена во петтиот месец од бременоста.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

За медиумите Милена го откри и полот на бебето.

Како што изјави за ММС. мк таа и нејзиниот сопруг очекуваат уште една ќеркичка.

Иако потајно се надевале дека ќе биде момче, сепак не се разочарани и едвај чекаат да ја запознаат втората ќерка.

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Честитки!

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

 

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

Фото: Инстаграм / Милена Антовска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button