Реклама
Наши ѕвезди

Вики Среброва со фотографија од младоста ГИ ЗАПАЛИ социјалните мрежи

Реклама

Таа важеше за една од најубавите пејачки на македонската сцена.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Македонската пејачка на фолк-музика Вики Среброва, во јавноста осен по одличниот глас со кој што плени, препознатлива е по позитивната енергија и широката намевка, но и по зелените очи.

Во дамнешните 70-ти години во поранеша Југославија, Вики Среброва од социјалистичка Македонија беше официјално прогласена за „Најубавата насмевка на Југославија“.

Маркетинг
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Деновиве таа сподели фотографија на Фејсбук од својата младост на која се потврдува горенапишаното. Вики поседуала неверојатна убавина, а и денес се труди да ја задржи младоликста.
„Само 17 години имав.

Со КУД „Орце Николов“ во Холандија. Ѝ се радувам на сликата многу“, пишува Вики во опис на фотографијата која за кратко време собра многу лајкови.

Маркетинг
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Многумина во коментарите ѝ пишуваа дека времето како да запрело за неа и дека сѐ уште е подеднакво убава како и тогаш.

Таа инаку беше една од првите жени на македонската јавна сцена која направи естетска корекција на лицето и јавно проговори за тоа. Никогаш ништо не криела и секогаш искрено сѐ споделувала со своите фанови. Вели дека и деценија после естетскиот зафат таа воопшто не жали за таа нејзина одлука.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Годините не ѝ можат ништо, пејачката изгледа прекрасно, се уште ја има нејзината специфична убавина и зрачи со позитивна енергија.

Во периодот кога таа правеше естетски зафат, тоа сѐ уште беше табу тема во Македонија.

Но, денес скоро секоја втора жена има направено некаква промена на себеси. Многу од јавните личности во земјава подлегнале на некаков хируршки зафат, но не зборуваат јавно за тоа.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Но, Вики нема никаков проблем да признае и гордо да се носи со својата одлука.

Опеpацијата Вики ја направи во Дарувар, Загреб, пред повеќе од 10 години, во времето кога таа имаше 54 години. Естетската интервeнција и ја изврши специјалистот Бојан Игнатовски, на клиниката Аркадија, и Среброва се појави во јавност пет седмици по настанот, воодушевувајќи со својот изглед.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

„Добив нов подбрадок, липоcукција, мали корекции кои многу ми значат. По опеpaцијата имав мали болки, но тоа не е ништо во споредба со резултатот од кој сум презадоволна. Имав среќа што бев во рацете на вистински професионалец, специјалист кој има македонско потекло и го сметам за доктор, но и пријател, и целата процедура помина во најдобар ред.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Се уште добивам комплименти за мојот изглед, што е доста значајно за секоја жена, без оглед на возраста и тоа ме радува. Естетската хирургија не треба да биде табу тема, посебно не кај јавните личности, и во времето кога се оперирав, на тоа гледав како на дел од мојата професионална кариера. Тогаш имав многу гостувања во ТВ емисии, на разни фестивали, имав премногу активности.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Би ги охрабрила сите жени кои сакаат да сменат нешто во својата физиономија, да не се двоумат, ако сметаат дека тоа ќе ги усреќи и ќе им даде поголема самодоверба во животот. Но треба да се биде реален и во очекувањата, бидејќи потребни се и генетски предиспозиции, треба да се има и природна убавина, која со помош на естетскиот зафат само уште повеќе ќе дојде до израз“, откри Вики за „Фокус“.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Вели дека нејзината убавина и совршена кожа сепак се и дел од генетиката. Откри дека нејзините родители, дури и на стари години имале убава и мазна кожа.

Пејачката тврди дека џабе ѝ се на жената сите естетски операции на неа, ако не зрачи сама по себе, ако не го негува позитивниот дух. Во тоа е навистина во право, самата таа е сведок за тоа. Како што и самата знае да каже, нејзиното лице е секогаш насмеано затоа што таа е секогаш расположена.. Освен козметика и нега на кожата, потребна е и нега на душата.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Жената која ги испеа големите хитови „Игoре изгoре” и „Зелени очи” од бракот со фудбалерот Јосе Сребров има три деца, и тоа синовите Нико и Владо и ќерката Елена од кои има внуци.

Она што може да се забележи од фотографиите објавени на социјалните мрежи е дека нејзината ќерка премногу наликува на убавата пејачка.

Вики честопати за медиумите вели дека е среќна што нејзината ќерка го има наследено младешкиот изглед и нејзината насмевка.

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Нејзина најголема утеха во ова време на пандемија се нејзините деца и внуците. Нејзиното семејство е нејзината смисла за живот. Вели дека поради целата ситуација поретко се гледале, а дека најмногу ѝ недостасува силно да ги прегрнува.

Погледнете и други фотографии:

ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук
ФОТО: Вики Среброва / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button