Реклама
Наши ѕвезди

Венчаницата на познатата македонска пејачка е посебна заради овој РОМАНТИЧЕН ДЕТАЉ – погледнете го и дијамантскиот прстен!

Реклама

Венчаницата на Викторија Лоба изгледаше како од бајките

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Викторија Лоба се омажи за Ѓорѓи Калешов со кого се сврши во 209 година, но заради пандемијата ја одложија свадбата.

Пејачката за најубавиот ден во својот живот носеше венчаница со бајковит модел во каков многу девојки сонуваат да се омажат.

Маркетинг

Викторија во оваа креација изгледаше како принцеза додека со насмевка му се заколна на вечна љубов на својот сакан.

Во прашање е венчаница во која сите гледаа без здив, а е дело на нејзината пријателка и дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Венчаницата е со долг вел и отворен грб, а Викторија целото издание го зачини со нејзината убава руса коса исплетена во плетенки.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Тоа дека сите се воодушевени од ова романтично издание на Викторија може да се види и од бројот на лајкови што ги доби на Инстаграм. А посебно се воодушевени младите дами што наскоро треба да застанат под олтарот и кои бараат инспирација за својот фустан од соништата.

Маркетинг

Пејачката едноставно блескаше во венчаницата додека го изговараше своето судбоносно „да“ на едно од најубавите места во Македонија.

Имено, венчавката беше во Охрид, во црквата Св. Кован Канеа, каде што е направена и преубавата фотографија што ја објави Викторија.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Меѓу првите што и честитаа брак беа нејзините колешки Елена Ристеска и Тамара Тодевска, кои им посакаа среќа и многу љубов и на двајцата.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Инаку, познатата пејачка предлогот за брак од Ѓорѓи Калешов го прифати уште во 2019 година, но заради ситуацијата со пандемијата и коронавирусот, тие тогаш ја одложија свадбата за некои „подобри“ времиња.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Пејачката тогаш се пофали со дијамантскиот прстен на социјалните мрежи, но и прв пат го покажа својот партнер.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Во врска со тоа што мораа да ја одложат свадбата, Викторија во една пригода откри дека за неа потписот, односно официјализирањето и крунисувањето на врската со брак не е толку важно колку поврзаноста со партнерот.

„Јас имам изградено став за семејството. Мојот став е дека кога две индивидуи ќе се сплотат во едно на емотивно, духовно и секакво можно убаво ниво, тогаш тие стануваат семејство. Потписот, како што сум кажала, никогаш не ми бил важен, е само формалност за еве да направиме некоја забава за сите наши најблиски и така натаму… Кога ќе дојде време за славење, ќе бидете сите повикани“, изјави тогаш Викторија.

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Викторија Лоба на венчавката на својата мајка

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Фото: Инстаграм/ Викторија Лоба

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button