Реклама
LIFESTYLEВирално

Бремена келнерка доби бакшиш од 100 долари од полицаец и порака на сметката што ја расплака

Реклама

Полицаецот од Њу Џерси и  го разубави денот на бремената келнерка со порака на сметката и бакши од 100 долари.

Таткото на келнерката, Брајан Кадиган, реши оваа приказна да ја сподели на Фејсбук и ги воолдушеви  корисниците на социјалните мрежи.

Маркетинг

Кадиган ја објави фотографија со сметката и така ја започна приказна за полицаец кој влегол во ресторанот “Ламп пост ресторан” во Глостер, каде што неговата ќерка работи како келнерка.

„Мојата ќерка е келнерка во еден локален ресторан. Таа е во 7 –иот месец од бременоста, но се уште работи за да заштеди пари”, објасни тој. Полицаецот дошол сам на ручек, а кога заминал, таа видела дека и оставила 100 долари за сметка од 9 долари и напишала убава порака на сметката.

Маркетинг

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215998520889274&set=a.1763091270503&type=3&theater

„Уживај во своето прво, тоа никогаш нема да го заборавиш”, и порачал полицаецот на келнерката.

„Колку прекрасна личност, тој остави голем бакшиш и убава порака. Не ве познавам, но ја расплакавте мојата ќерка и и ја разубавевте годината.“

„Ви благодарам, јас секогаш сум имал голема почит кон полицајците, но со овој гест вие покажавте дека не сте само полицаец туку прекрасно човечко суштество. Бог нека ве благослови “, пишува таткото на келнерката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button