Реклама
Хороскоп

Близнаците, скорпијата, стрелците се исклучително паметните луѓе

Реклама

Да се биде паметен не е само прашање на интелигенција.

И исклучително паметните луѓе се склони кон моменти на глупост, но повеќето време тие имаат тенденција да делуваат попаметно.

Близнаци

Маркетинг

Уште од мали нозе сакаат да истражуваат и да испитуваат. Многу се љубопитни по природа па ги интересираат многу работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметноста. Тие се многу интелегентни па оттаму произлегува и нивната духовитост и досетливост. Поради таа причина, секогаш се опкружени од луѓе со кои можат да водат долги разговори, а исто така бараат и интелигентен партнер со кој ќе можат да разговараат за сè, бидејќи празните приказни не ги исполнуваат.

Скорпија

Маркетинг

Ниеден хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Скорпијата. Речиси не постои работа во која нивниот продорен поглед и шесто сетило не можат да продрат. Тие секогаш тежнеат во сè да почувствуваат длабочина, да загребат под површината и да ја увидат вистинската смисла. Со нив не се обидувајте да манипулирате затоа што тие се оние кои го прават тоа, а многу лесно ги откриваат намерите на другите луѓе.

Стрелец

Виорни и со љубопитна природа како Близнаците секогаш имаат потреба да дознаат повеќе и делуваат често мошне несериозно. Меѓутоа, тие се и тоа како проникливи и добро знаат да ја проценат ситуацијата. Многу се друштвени и знаат како да се однесуваат со луѓето. Не им е проблем уште на прв поглед да придобијат симпатии кога ќе се најдат во ново друштво, а исто така и добро да проценат кој каков е. Меѓу припадниците на овој знак има многу научници, а математиката и воопшто природните науки им се посилна страна. Сакаат да вложуваат во себе и во својот интелект во текот на целиот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button