Реклама
Вирално

Бил Гејтс откри ТОЧНО КОГА ќе заврши пандемијата: Тогаш и сите нејзини налоши последици ќе бидат ИЗБРИШАНИ

Реклама

Пандемијата од коронавирусот ќе заврши до 2022 година и не само што ќе заврши туки и сите нејзини најлоши последици, меѓу кои се и економските, ќе бидат избришани, вели основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Гејтс, во интервју за француски „Л’Експрес’ и американскиот Њујорк Магазин, наведе дека се потребни 40 милијарди долари за да се вакцинира целокупната човечка популација.

Маркетинг

Најважната работа во борба против пандемијата, вели Гејтс, е развојот на вакцината но и системот по кој таа ќе може да биде дистрибуирана за да ја добијат сите.

Маркетинг

– Доколку имаме среќа некои од вакцините кои ќе се развијат да бидат успешни, а некои од нив доволно евтини, па ако фабриките можат да ги произведат во доволен број, пандемиајта ќе биде завршена за две години. Во тој случај, 2021 година ќе следува пад на пандемиjата, а целосно ќе биде готова во 2022 година, рече Гејтс.

Основачот на Мајкрософт, интевјуто го даде од својот дом во Сиетл, каде е затворен поради епидемијата.

Како што додаде, стана мета на бројни теории на завера во врска со пандемијата на коронавирус, но тоа не го спреи најголем дека од времето да го троши на убедување на државните и приватните инвеститори кои би можеле да помогнат во напорите пандемијата да биде победена, додека и самиот за таа цел дал 350 милиони долари.

Тој повтори дека коронавирусот ги погодува старите, и дека се најзагрозени земјите кои имаат старо население.

– Тоа е како и кај грипот. Од грип во текот на годината умираат по 60.000 во САД, а од само 400 се под 60 години. Короната е уште поспецифична и уште повеќе ги погодива постарите отколку грипот, рече Гејтс.

Додаде и дека маските се многу важни, зошто дури околу 20 отсто од заболените кашлаат, а вирусот се пренесува во текот на гласен говор.

Тој ги осуди грешките на американскиот здравствен систем, укажувајќи на недоволниот број тестови, доцнење во резултатите на тестовите, неследењето на контактите.. Исто така, наведе дека еден од проблемите е и тоа што не постои планетарен здравствен апарат, и дека Светската здравствена организација нема доволно ресурси да се бори со пандемијата.

Основачот на Мајкрософт наведе дека постојат неколку ветувачки показатели, како што е можноста имунитетот од некои други видови коронавирус да даде заштита и од САР-КоВ-2, но никој не ги докажал.

– После оваа пандемијата ќе бидеме подготвени за следната доколку личи на оваа. Ако следната пандемија не биде последица на некој терористички напад, ќе имаме систем на брзо тестирање. Моментално постои ПЦР тестирање на ГМО семиња, каде буквално се спроведуваат милион тестови. Сакаме тоа да го преведеме и на тестирање на респираторните болести, за да може една држава да тестира 20 отсто од популацијата неделно, рече Гејтс и додаде дека се надева дека масовните тестирања ќе предизвикаат помал отпор отколку вакцинацијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button