Реклама
Наши ѕвезди

Антониа сите ја знаеме, но оваа македонска водителка беше НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ на Иван пред пејачката

Реклама

Групата Либеро бенд работи со полна пареа и ја освојува публиката во Македонија, но и на Балканот.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Додека сите бевме затворени во карантин и пандемијата си го направи своето, момците неуморно работеа. Тие се еден од ретките бендови кои се максимално ангажирани.
Оној што ги освојува женските срца со својот изглед е фронтменот на бендот Иван Јованов.
Неодамна во едно сво интервју Иван зборуваше за тешкиот период од животот, кога водел битка со тешка болест. Пејачот стравувал дека болета може да влијае и врз неговата работа.

ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

„Пред 2 години имав операција на грло, односно имав почетна фаза на кaнцер – лeукоплaкија. За среќа се помина во најдобар ред, но најтешки ми беа моментите кога бев во исчекување на резултатите. Тој стрес не го посакувам никому!
Музичар да слушне такво нешто е исто како на фудбалер да му кажеш дека треба да му се иceчат нозете. Она што е “интересно” е дека со такво болно грло пеев 4 месеци и не дозволив никој да забележи дека имам некаков проблем. Со горенаведеното беа запознаени моите најблиски и неколку колеги, а сега и вие“, кажа Иван за Моментт.мк

Маркетинг
ФОТО: Иван Јованов / Инстаграм

Иван ретко зборува за својата приватност, но новинарите сепак успеваат да дознаат детали.
Она што публиката го знае за него е неговата врска со 10 години помладата пејачка Антониа Гиговска. Парот прво ја криеше љубовта, но сега веќе отворено зборуваат за нивната врска и споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Парот е скоро две години во врска, а на нивната љубов може секој да позавиди.

ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм

Секогаш складни и насмеани, се гледа дека уживаат, а често и на социјалните мрежи си посветуваат емотивни објави. Антониа често за медиумите знае да каже дека освен нејзините родители, токму Иван е нејзината најголема поддршка во кариерата. Иако поради големата разлика во години парот на почетокот се соочувал со проблеми, сега велат дека истите се надминати и се минато.

Маркетинг
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм

„Се сеќавам, беше многу оддамна. Имаше искри помеѓу нас и тогаш, но само оддалеку. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека обајцата сме исти во секој поглед, не само затоа што двајцата мечтаеме за (музиката и пеењето), туку изаради нашите сродни души. Немав прилика за ова… Јас само ова го чувствувам од ден на ден. Како и првиот ден. Те сакам“ – напиша Гиговска во опис на една нивна фотографија.

Но, она што малкумина го знаат е дека пред да започне врска со згодната пејачка, Иван бил во долга врска со водителката Јана Серафимова. Јана долго време ја гледавме на фрекфенцијата на Телевизија 24, а сега ја гледаме секое утро во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија.

ФОТО: Јана Серафимова / Фејсбук

Јана е една од најзгодните и најубавите водителка на македонската јавна сцена.
Она што ги поврзува пејачката и водителката е секако истиот вкус за момчиња, но и русата коса.

ФОТО: Јана Серафимова / Фејсбук

Во јавноста се шпекулираше и дека Иван и Јана ја прекинале врската поради Антониа, но никој од нив никогаш тоа јавно не го потврди.

ФОТО: Јана Серафимова / Фејсбук

Јана е секогаш отмена и максимално професионална пред малите екрани, но исто така доста внимава на својот изглед.

ФОТО: Јана Серафимова / Фејсбук

Иван во едно свое интервју откри и дали го привлекуваат само популарни жени:
– Сите девојки од минатото, не ми биле познати, како што е Антониа сега, како што сум нашол нешто што сум барал цел живот.
Антониа е посебна, пред тоа јас бев со минатата девојка уште пред да биде таа водителка.
Тоа не ми влијае толку да е позната жена, рече Иван.

ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм
ФОТО: Антониа Гиговска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button