Реклама
Наши ѕвезди

Анета Молика со прекрасна изведба на „Црна се чума зададе“ против коронавирусот, а Благој од Џенова со „Македонско девојче“

Реклама

Ново видео од групата Молика

За време на епидемијата со новиот вирус корона на која никако не сме навикнати, Анета со својот бенд „Молика“ објави видео со песна како одговор на ситуацијата во светот.

Маркетинг

Во прашање е познатата народна песна Црна се чума зададе, која беше снимена деновиве и објавена вчера.

Пејачката во видеото носи црн долг фустан со отворени раменици, а целото издание го зачини со прекрасна фризура и шминка со која не освои на прв поглед.

Маркетинг

Инаку, многу музичари и бендови, затекнати од епидемијата и новонастанатата ситуација, снимаа и објавуваа песни во изминатиов период, а голем дел од нив одржаа и концерти во живо преку социјалните мрежи.

Па така неодамна можевме да го слушнеме и прекрасниот глас на најпознатиот македонски тенор како ја изведува песната Македонско девојче.

Имено, Благој Нацоски, кој живее во Џенова, по два месеци строги карантински мерки во Италија, и во актуелните услови кога битката со Ковид не е завршена, Нацоски ја сними и „Македонско девојче“.

На пример „Македонско девојче“ е песна која што не сум ја отпеал јавно досега, а е една од најпознатите македонски традиционално песни. Решив токму за Гласот на Америка на македонски премиерно да ја снимам токму таа песна, особено посветена на сите припаднички на женскиот пол кои што го гледаат Гласот на Америка на македонски.“ изјави тој во своето интервју за Гласот на Америка.

„Најискрено, сцената, Миланската скала, Њујорк сити опера и сите театри каде настапувам се нешто што навистина ми недостига. Ми недостига би рекол тој мирис на тие штици кој што е ист во сите театри во светот, ми недостига адреналинот што се покачува во текот на една оперска претстава или концерт. Ми дојде некако на природен начин во овие моменти да снимам видеа на кои што пеам и да ги постирам на социјалните мрежи. Сакам на луѓето да им пренесам една убава енергија. Сепак, музиката е нешто убаво. Реакциите на публиката преку социјалните мрежи беа толку позитивни што ми даде ентузијазам тоа да го правам скоро секој ден.“

Во однос на ситуацијата во Италија, тој вели:

„Во последните денови ситуацијата значително се подобрува. Од 4-ти мај имаме олеснување на мерките. Временските услови додаваат посебен шарм, бидејќи овде е буквално лето. Времето е прекрасно, а јас живеам веднаш до морето. Нѝ требаше вакво нешто по два месеци локдаун. Како да гледам дека се враќа ентузијазмот кај луѓето. Важно е да се врати духот, бидејќи толку долг карантин не е добар пред се од духовна гледна точка. Намалувањето на бројот на заболени и починати покажува дека состојбата оди кон подобро, но многумина се загрижени за својата егзистенција, за работните места.. Од таа гледна точка сме далеку од комплетна нормализација. Се разбира дека животот е веќе сменет“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button