Реклама
Наши ѕвезди

Андријана Јаневска го покажа своето вистинско лице – позираше без шминка, нема да ја препознаете

Пејачката ретко ја гледаме во вакво издание

Реклама

Нашата позната пејачка и виолинистка Андријана Јаневска не крие дека ужива во семејниот живот со сопругот и децата.

Но таа каде и да се појави никого не остава рамнодушен, а многумина велат дека е една од нашие најубави поп пејачки.

Пејачката пред само неколку дена објави неколку фотографии на кои позираше во костим за капење и го покажа сиот свој природен шарм и никого не остави рамнодушен, што се гледа и по коментарите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа едноставно плени без разлика дали е дотерана за некој настан или во своите опуштени изданија и сите се согласни дека е преубава.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Но покрај тоа што најчесто можеме да ја видиме средена од глава до пети, Андријана сега реши да го покаже и своето вистинско лице.

Имено, пејачката на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија на која е без грам шминка и без филтри.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Нејзините следбеници беа воодушевени од ова нејзин потполно природно издание, кое пејачката го зачини со неодоливи локни.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Инаку, Андријана веќе 13 години е во складен брак со Драган Гиновски – Гино кој исто така е музичар.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Тие се венчаа во црквата Св. Димитрија во Скопје, во 2010 година, а потпис ставија една година претходно.

Пејачката на својот профил на социјалните мрежи во 2020 година, по повод 10 години од бракот, објави фотографија од венчавката, а она што сите веднаш го забележаа е тоа дека Јаневска воопшто не се променила.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа и денес изгледа како на почетокот од својата кариера и дефинитивно е жена за која времето како да не постои.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Андријана и Гино имаат два сина, а како што самата пејачка во една пригода изјави, таа најмногу ужива кога е со своите деца.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

„Откако се родија децата приоритетите ми се променија. Тие се број еден, а се’ друго може да почека. Кога сум со нив и јас на некој чудесен начин се враќам во детството и повторно се чувствувам како дете. Се воодушевувам на детските итроштини и со задоволство следам како го впиваат секое ново животно искуство, изјви таа за една пригода за Гламур магазин.

„Секоја мајка се гордее со своите дечиња, не мора да се тоа некакви дипломи и титули. За мене е доволно да се добро воспитани, да ги почитуваат другите луѓе без предрасуди, да го ценат другарството, да помагаат, да знаат кога погрешиле и да кажат извини, заклучи тогаш нашата позната пејачка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button