ФОТО: Среќно семејство – Тања Кочовска ги покажа СИНОТ и ЌЕРКАТА, еве како изгледаат
Актерската двојка Тања Кочовска и Предраг Павловски успешно пловат во брачните води 25 години.
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац , Тања го има 30– годишниот син Александар, а од бракот со Предраг ја имаат 24- годишната ќерка Нела.
Тања и Предраг се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг.
Па така во 1994 година познатата актерка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски.
За нивното запознавање Предраг уште одамна во едно интервју изјави:
„Со Тања се знаеме уште од факултет. Чисто колегијално. Нашето познанство не беше ништо посебно. Во 1993 година, кога дојдов во Театарот за деца и младинци, симпатичната колешка Тања веќе беше таму. Некако набрзина се најдовме и мислам дека уште првата вечер ја побарав за жена. Сега се прашувам кој знае дали требаше така?”, вели на шега Предраг.
За својот сопруг вели дека иако ја нервира како вози, сепак за неа тој е совршен сопруиг и татко. Грижлив, внимателен, толерантен, широка душа. Се караме секој ден, но и се сакаме секој ден, вели Тања.
Публиката ја обожава Тања токму поради нејзината смисла за хумор и умешноста да се шегува на своја сметка. За театарските претстави во кои таа глуми секогаш се бара билет повеќе.
Актерката вели дека е подеднакво тешко да се глуми во детски претстави, но и во претставите за возрасни.
Таа е активна и на социјалните мрежи, каде често објавува и приватни фотографии. Нејзина најлајкувана фотографија е токму профилната фотографија на која Тања е во костим за капење, без никави комплекси, гордо носејќи се со килограмите. Пример од неа треба да земат сите женуи. На фотографијата таа позираш додека четири мажи ја држат во раце.
„Бев сама на одмор во Ријека кај мои пријатели, и кога отидовме на плажа ги сретнав тие згодни момци. Бидејќи во минатото се бавев со пливање и скокови во вода, а тие тоа не го знаеа, се договоривме да одиме на пристаниште и да се натпреваруваме. Кој ќе победи, ќе мора да го дигнеме на раце.
Кога победив јас, беа од памет извадени што треба да ме дигнат. Нормално, “храбри” како и сите мажи на крај се сложија да го направат тоа, ама во вода, за да им бидам полесна, хахаха. И сега,треба ли да објаснам зошто кога ја објавив сликата напишав “Животот е прекрасен”, откри Тања за „Женски магазин“.
Во младоста луѓето ја знаеле како Тања Мањифико поради нејзините родители, легендарните музичари Панче и Невена Кочовски од составот „Мањифико“.
„Нормално ја доживував нивната популарност. Така и ме учеа како мала-како што има луѓе што работат на шалтер во банка, продавница, фирма, така и нивната работа е пеењето-сцената. Во професијата никогаш ништо не ми било чудно, зашто уште од мала сум се дружела со познати пејачи, глумци кои ни доаѓале и дома.
Значи од мала го живеам тој живот-живот на познати родители. Сите „детски болести“ околу популарноста и професијата ги прележав како многу мала. Со години бев Тања Мањифико, така ме викаа сите знаејќи чие дете сум, но тоа ме остави приземна и можеби и затоа публиката ја сака мојата искреност. Најдраги спомени? Ги има илјадници. Кога со часови вежбаа во дневната соба, а и јас со часови ги слушав и затоа ги знаев сите песни.
Кога одев на патување во земјите каде што имаа концерти со мојата тетка (најстарата сестра на мајка ми) со која живеев седум години. Кога ме носеа на најразноразни фестивали (пример Скопскиот фестивал). Кога во тоа време ми ги испраќаа најубавите подароци од странство, кола на педали и кога ги качив сите мои другари и другарки, веднаш ја искршивме. Кога летно време „живеевме“ во изнајмена куќа на Хрватското приморје и уште многу други спомени“, раскажа Тања за „Женски магазин“.
Тања е горда мајка на Александар и Нела. Александар заврши факултет за туризам, а Нела тргна по стапките на своите родители и е студент на ФДУ.
Во своите интервјуа многу пати вели дека е горда мајка на прекрасни деца и дека нивната среќа прави и таа да се чувствува среќно.
Вели дека Нела и Александра се деца кои пораснале со двајца актери, деца на кои никогаш не им бил повишен тонот. Мора да се признае дека и двајцата се прекрасни и ги извелкеле најдобрите гени од своите родители.
Тања вели дека не дозволува никој да ги наруши нивните семејни односи. Дека дома функционираат како најдобри пријатели и се знаат едни за други. Сите проблеми во нивното семејство се решаваат со долги разговори.
Предраг плаќа сметки, пазари и ги вози децата каде и да треба, а Тања се грижи за сите обврски околу домот.
И покрај тоа што Александар е дете на Тања од првиот брак сепак Предраг секогаш го гледал како свое дете.
-Свекрва ми Лела, девер ми Андреј се вистински баба и чичко на Александар! Во буквална смисла! Тука биле и се, секогаш кога треба за нас. А Предраг за него се грижи 21 година, како секој посветен татко.
Ќерките на Љац од неговиот втор брак одлично комуницираат не само со Александар, туку и со Нела. Децата супер се дружат – вели Тања во интервју за „Сутерен.мк“.