Нега и здравје

Тајниот пијалак за потенок струк

Advertisement

Значи, сакате да ослабете неколку килограми за претстојниот настан. Што би направиле?

vodasasi2

Advertisement

(1) Ќе го прифатите начинот на кој изгледате сега, (2) Ќе почнете со некоја несреќна диета, или (3) Ќе се обидете со овој едноставен план. Изберете ја 3-тата опција и сигурно веќе никогаш нема да пребарувате интернет совети за брзо губење на тежина!

Дали некогаш сте слушнале за „водата саси“? Водата „саси“ е клучниот елемент во планот за рамен стомак. Оваа здрава и вкусна течност го добило името по нејзиниот творец, Синтија Сас (нутриционист).

Концептот на водата ’саси’ лежи во фактот дека треба да пиеме најмалку 8 чаши вода дневно за нормално функционирање на нашиот организам. И, се разбира, ова е минимална количина, бидејќи потребната течност може да се разликува од личност до личност во зависност од физичките активности.

Advertisement

За овој 4-дневен план за рамен стомак се препорачува да консумирате вода колку што може повеќе. Напоредо со тоа, јадете овошје и зеленчук кои содржат многу вода, како лубеница, ананас, диња, праски… Мотото зад ова е да се задржи телото хидрирано цело време со одржување на високо ниво на течност, што, пак, ќе спречи надуеност на цревата и тврда столица.

Потребни состојки:

vodasasi3

· вода (минимум 8 чаши, може и повеќе доколку сакате)
· ѓумбир
· свежа краставица
· свежи листови нане
· лимон

Начин на подготовка:

1. Ставете 8 чаши вода во стаклен бокал.
2. Додадете 1 лажичка рендан корен од ѓумбир.
3. Земете свежа краставица и излупете ја. Исечете ја на тенки парчиња и додадете ги во бокалот вода.
4. Лимонот исечете го на парчиња; земете околу 12-15 свежи листови од нане. Додадете ги двете состојки во водата.
5. Измешајте ги сите состојки добро и ставете ја водата во фрижидер преку ноќ.
6. Процедете ја и вашата течност е подготвена за пиење!

vodasasi5

Пијте од водата почесто или секогаш кога ќе почувствувате жед. Вашата цел треба да биде да ја испиете сета вода до крајот на денот и да подготвите нова доза за следниот ден.

Со цел да го постигнете саканиот резултат, многу е важно овој пијалок да го пиете 4 дена во континуитет и да избегнете други пијалаци целосно. И, доколку по завршувањето на 4-дневното пиење ви се допаѓа резултатот и вкусот, треба сериозно да размислите за продолжување со овој здрав и моќен пијалок.

Неколку ‘треба’ и ‘не треба’:

Во овие 4 дена, следете ги овие совети:

· Избегнувајте слатки
· Избегнувајте храна и закуски богати со масти и калории
· Почнете да конзумирате здрав зеленчук во помали порции
· Вршете ги основните физички активности

Заклучок: Оваа вода не само што ќе ви обезбеди тенок и рамен стомак, туку ќе ве направи и посреќни!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button