Диети

10 испробани совети за брзо губење на тежина

Реклама
Реклама

Како да ослабите? Ова се неколку совети од светските експерти за брзо и ефикасно губење на тежина и согорување на мастите.

diettricks1

Маркетинг

Преку глава ви е од следење на разни диети? Време е да престанете да ги следите само трендовите и да прифатите некои реални совети од луѓето кои биле на ’тој пат‘ и постигнале вистински резултати.

Секако дека многу често сите ние листаме низ магазините за здрава храна или пак ги бараме тајните на познати личности драстично ослабиле. А на крајот од денот работите пак се сведуваат на тоа дека губењето на несаканите килограми е процес кој бара голема посветеност и многу жртви.

И овие 10 диетални совети не се секогаш лесни за следење, но затоа пак гарантирано дават резултати.

Маркетинг

Отфрлете ја стандардната шема!

Контролата на порциите со храна не се состои во мерењето до грам. Треба да си нарачате (или подготвите) два аперативи со салата и драстично да го намалите лебот.

Складирајте овошје

diettricks2

Носете си овошје со себе на работа или школо. Ова помага многу во моментите кога добиете потреба од благо или грицки.

Чоколаден шејк

Кога се обидувате да намалете килограми, носете со себе кесичка топло чоколадо и растворете ја со вода. Ќе се осетите сити и наполнети и нема да треба да јадете нешто со високо калорична вредност.

Поставете си граници!

Со себе секогаш носете една од оние мали кутии за чување на храна. Кога правите пауза од работа, изедете го само тоа што го носите и никогаш нема да се прејадете!

Прескокнете го вечерниот десерт

diettricks3

После завршување на вечерата, веднаш измијте ги забите. Вака е многу поверојатно дека ќе си легнете да спиете без претходно ништо повторно да не ставите во уста.

Направете си фото од ’Претходно‘

Пред да започнете со диетата, направете си фотографии од самите себе само по долна облека. Кога и да дојдете во искушение да го отфрлите целиот процес кој што сте го започнале, погледнете ги тие фотографии и мотивацијата веднаш ќе ви се врати!

Избегнувајте ликвидни калории

Намалете ги или комплетно исфрлете (ако можете) пијалоците со калории: џусови, лимонада и најважно – виното!

Носете тесни фармерки

diettricks4

Носете нешто тесно! Ова дополнително ќе ве мотивира да продолжите со започнатиот режим.

Бокал со следново:

Наполнете бокал со минерална вода и додадете му исечкани краставички. Ем е вкусно, ем ќе се чувствувате како да сте се наградиле за вложениот труд.

Складирајте ги остатоците

diettricks5

Откако ќе завршите со јадењето, веднаш складирајте го она што останало во кутии и ставете го во фрижидерот.

Извор: health.com

Поврзано

Back to top button