Првата дама на Македонија во „г*ли“ високи потпетици

Првата дама на Македонија во „гли“ високи потпетици со кои и обични панталони изгледаат неверојатно шик и интересно

Фото: Принтскрин/ Јутјуб (Репортер.мк)

Сопругата на претседателот на Македонија Стево Пендаровски, проф. д-р. Елизабета Ѓорѓиевска, во јавноста позната како Бети, покажа одлично деловно издание со кое ја истакна својата елеганција и женственост.

Првата дама на Македонија Елизабета Ѓорѓиевска носеше практично модна комбинација која е потполно соодветна за вакви формални пригоди.

ADVERTISEMENT

Таа носеше деловен „look“ кој е крајно едноставен и удобен – темни панталони и бела полупроѕирна кошулка интересно украсена со тантела. Бети оваа комбинација ја комбинираше со салонки.

Што се однесува до панталоните во прашање е модел што секоја жена треба да ги има во плакарите – тие се со крој кој ја следи линијата на телото и од полусветкав материјал кој изгледа свечено, но и сосем доволно. Благодарение на нив, но и на внимателно избраните детали, првата дама на Македонија изгледаше уште поженствено и понежно.

Фото: Принтскрин/ Тања Кокев (Инстаграм)

Инаку, Елизабета неодамна во интервју откри дека воопшто не се променила откако нејзиниот сопруг стана претседател на Македонија. Таа се уште се движи слободно, без обезбедување, а и покрај новите обврски како прва дама, се обидува и да не изостанува ниту од предавањата на студентите од Стоматолошкиот факултет, каде што работи како професорка.

Па, што велите за ова издание на Бети?

Facebook Comments
(Visited 25.490 times, 275 visits today)