Моќта на природата: Се урнаа две брани, водата носи сѐ пред себе (ВИДЕО)

Откако поради обилните дождови се урнаа две брани и водата се излеа и предизвика огромини поплави властите во американската сојузна држава Мичиген прогласија вонредна состојба за еден регион.

Браните Еденвил и Сенфорд попуштија вчера вечерта, рече гувернерката Гретчен Витмер и ги повика сите жители од погодените подрачја во округот Мидланд на итна евакуација, пишува Си Ен Ен.

„Ако имате член на семејството или сакана личност која живее во другиот дел од државата, одете таму веднаш. Ако не можете да го направите тоа, тргнете кон засолништата кои се отворени во погодениот реон“, рече таа.

Во текот на наредните 12 до 15 часа во центарот на градот Мидленд би можело да има до 3 метри вода, рече Витмер на конференцијата за новинари и додаде дека се очекува историски висок водостој.

Марк Боне, претседател на Одборот на повереници на округот Мидленд, рече дека верува дека до сега се евакуирани до 10.000 жители и дека моментално нема известување за сериозно повредени или смртни случаи.

(Visited 398 times, 1 visits today)