Еве како оваа Македонка им го разубавува времето на многумина – родена од инат, а изгледа брутално?!
Еве и како го одржува своето тело во форма
![](/wp-content/uploads/2024/04/vedrana.jpg)
Водителката почувствува носталгија
Познатата македонска водителка Ведрана Ѓорѓевиќ објави фотографија со која покажа дека чувствува носталгија, но не за дома, туку за едно од најубавите и најволшебните места на светот за одмор.
Имено, таа објави неколку стари фотографии направени додека беше на одмор во Африка, а на кои изгледа неодоливо.
Потпрена на палма и во портокалов костим за капење, Ведрана им го разубави денот на многумина, а посебно на мажите.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
„За инат на времето“, напиша таа под објавата, алудирајќи на лошото време што ја зафати Македонија во изминативе неколку дена.
„Водете љубов, а не инат“, и порача на Ведрана еден пријател на Инстаграм, на што таа веднаш му одговори:
„Родени од инат“, напиша во шега Ведрана.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Изгледаше повеќе од провокативно
Интересно беше и тоа што водителката реши да ја покаже тетоважата што ја има на половината, веднаш над „позадината“.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
И како и многу пати досега, Ведрана и овој пат им го разубави времето на сите, па следуваа комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Инаку, Ведрана и покрај тоа што изгледа брутално, таа е и голема гурманка, а како што самата откри во една пригода, тајната на нејзиниот изглед е што ужива во вкусната и здрава храна, но умерено.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
Како што самата вели, за неа не постои забранета храна, туку на организмот му дава се што бара, но само во одредени количини.
Фото: Инстаграм/ Ведрана Ѓорѓевиќ
„Само да има баланс и да не се прејадуваме е доволно. Ете, тоа нека биде забрането, прејадување“, вели Ведрана додавајќи дека обожава да јаде и зеленчук и овошје, но и дека за оваа година има цел да си насади мала бавчичка во која ќе одгледува свој зеленчук.
Целото интервју со Ведрана прочитајте го тука >>