Реклама
Интервју

Целта е во 2024 да си насадам мала бавчичка каде што ќе си одгледувам мој зеленчук, искрено со водителката ВЕДРАНА

Не сум љубител на полнети пиперки, иако сите состојки ги јадам кога не се во таа комбинација. Но, кога сум на гости ќе си преќутам и јадам зарди трудот што некој го вложил да ја направи таа храна и донесе на маса, вели Ведрана.

Реклама

Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ е голем гурман, не прибира многу околу храна и изненадувачки за една ваква згодна девојка што нема некој посебен режим на исхрана. Не ѝ давајте полнети пиперки ако ви дојде на гости, а задолжително послужете ја со ракија и овчо сиренце. :)

Нашта атрактивна водителка оваа година сака да стане земјоделка. Со цел да се храни со органски производи водителката си поставила цел во 2024 година да си направи бавча.

Ведрана е една прекрасна и навистина како што го носи името ведра личност. Ја поканивме да бдие дел од нашата рубрика ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА. Не насмеа слатко со нејзините одговори. Уживајте во разговоорт со Ведрана Ѓорѓевиќ.

Маркетинг

Дали сакате да готвите?

Иако не е често, сепак сакам да готвам, особено за мојот партнер и пријателите. Често знаеме да се собереме по дома и да уживаме во мезиња и одлична храна, која најчесто ја подготвува наш добар пријател кој е одличен во кујната, а јас сум добра за сугестии и за дегустирање хаха

Што најдобро знаете да зготвите? Дали сте брзи или бавни во кујната?

Хм, ако морам да одберам веројатно тоа е риба со зеленчук или паста, најбрзо се подготвува и за мене полесна за варење.

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Може и не е многу комплицирано само јас немам нерви за тоа хаха веројатно би биле посни сарми на прилепски начин, мислам дека тоа се најмалечките и најслатките воедно, што ги имам пробано.

Кое ви е омилено јадење?

Не е едно. Хедонист сум по природа, уживам во добра храна па и по цена да треба повеќе да се вежба после тоа хаха. Па затоа не сум имуна на добро македонско сирење, сите наши зимски и летни мезиња, свежи салати, риба.

Што преферирате повеќе благо или солено?

Дефинитивно солено, и мноооогу кисело. Не сум љубител на благо, единствено што ретко може да каснам е некоја здрава торта или колач без вештачки шеќери или засладувачи.

Има ли нешто што не јадете?

Не сум љубител на полнети пиперки, иако сите состојки ги јадам кога не се во таа комбинација. Но, кога сум на гости ќе си преќутам и јадам зарди трудот што некој го вложил да ја направи таа храна и донесе на маса.

Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна? Каде сте го пробале и кога?

Обожавам суши, го јадам многу одамна, а најубавото до сега сум го јадела на Бали. Една од целите во 2024 година ми е да одам на часови и да научам како дома сама да си направам, затоа што во Македонија не сум пробала добро суши.

На кој начин најчесто ги откривате рецептите? Дали сакате да ескпериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Традиционалната македонска кујна ја обожавам,а рецептите се најчесто од мојата мајка, но некогаш и знам да експериментирам. Мислам дека и голем дел од туристите кои доаѓаат во оваа наша земја полна со убавини, се враќаат токму заради храната.

 

Дали во Македонија има добра храна?

Храната е големо богатство во Македонија, кое не треба да го сфаќаме здраво за готово. Не можам да издвојам еден, македонската кујна ми е омилена, па затоа можам да кажам дека е се најдобро.

Што им препорачувате да пробаат на гостите од странство?

Токму тоа што се уште имаме убави пиперки, резултат е најубавиот ајвар во кој можеме да уживаме, најубавите македонски сирења, ребро со праз, јагнешко печење ми е омилено, сарма, чорби, качамак, ѓомлезе (Ресенското ми е најубаво), пинџур, толчени пиперки, мх мх .И секако да не ги заборавиме нашите најубави вина и ракија!

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Нема забрането, се што ми бара организмот му давам во одредени количини, само да има баланс и да не се прејадуваме е доволно. Ете тоа нека биде забрането, прејадување!

Што преферирате повеќе овошје или зеленчук?

И едно и друго, не можам да си го замислам животот без нив. Целта е во 2024 да си насадам и мала бавчичка каде што ќе си одгледувам мој зеленчук.

Дали консумирате алкохол?

Конзумирам одговорно. Но како поминуваат годините се помалку, затоа што повеќе сакам утре дента да бидам повторно спремна за тренинг или планинарење.

Кој ви е омилен пијалак?

Ракија во кафана, па овчо сирење не се јаде без добра ракија хаха а водка во кафич или диско.

Знам и да испијам чаша бело вино со добра паста или риба, или црвено со црвено месо.

Што би одбрале ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?

Кафана! Под еден, два и три хах.

Поврзано

Back to top button