Реклама
LIFESTYLEВирално

Денеска е Св. Илија, пророк кој пали и гаси на небото и на земјата

Реклама

Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец.

Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба.

Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него.

Маркетинг

Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија. Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

Свети пророк Илија – пророк кој пали и гаси на небото и на земјата.Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Маркетинг

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Еузебиј.Бил роден во Сардинија во почетокот на четвртиот век. Во 345 година бил избран за бискуп во Верчелија. Верата меѓу народот ја ширел со проповедувањето. Царот Констанциј го протерал поради верата во прогонството. Кога се вратил од прогонството, во земјата работел на обновувањето на верата пртоив ариевците. Умрел во Верчелија, во 371 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button