Џејла воодушеви со светскиот изглед на својата матура – Ѕвездата на Гранд ги собра сите погледи на улиците!

Џејла пред нови предизвици!

Минатогодишната победничка на Ѕвездите на Гранд, Џејла Рамовиќ, не се појавува во јавноста во последно време поради училишните обврски.
Имено, таа беше решена да дипломира со своите врсници, и успеа во тоа, иако за натпреварот и требаше многу време, таа успеа да не заостанува зад пријателите, а овој викендот свечено ја прослави матурата.

Џејла Рамовиќ ги освои симпатиите низ целиот Балкан, не само со нејзиниот врвен вокал, туку и со изгледот за девојка на нејзина возраст, како и за нејзиното воспитување, а сега се огласи за тоа кои и се мааните.
– Тврдоглавоста е мојот најголем пропуст. Ова доаѓа од тоа што сум Бик во хороскоп – призна Рамовиќ.

Вели и дека е разгалена.
– Преосетлива сум. Мојот трет голем пропуст е што во некои моменти сум многу разгалена.

Џејла Рамковиќ по победата во музичкото шоу веднаш почнаа да ја следат скандали, новинарите почнаа да пишуваат како наводно Џејла е во врска со нејзината менторка Марија Шерифовиќ, што поради овие скандалозни натписи мораа да реагираат и нејзините родители.
Марија Шерифовиќ и победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ наводно се во емотивна врска, пишува деновиве курир.рс

Наводно, Марија многу не се грижи поради овие пишувања, но родителите на Џејла биле многу вознемирени.
Родителите со неверување читале за односот меѓу победничката на музичкото шоу и нејзината менторка.

Тие биле лути и бесни, а Џејла им објаснила дека со Шерифовиќ само е блиска пријателка и дека љубовната афера и ја сместуваат љубоморните колешки од натпреварувањето.
Таа им зборувала дека кандидатите кои се натпреварувале со неа не можеле да го поднесат нејзниот успех.

Како што пишува курир.рс, семејството на Џејла многу ја почитува и цени Шерифовиќ, но сознанието дека нивната ќерка има нешто повеќе од пријателство со својата менторка за нив било удар.
Извор близок на Рамовиќ тврди дека Џејла ги убедувала своите родители да не се грижат, дека има момче со кое наскоро ќе ги запознае.

Истакнала дека Марија е поддршка во кариерата и образованието. Исто така, таа им објаснила дека била кај Шерифовиќ во станот, но никогаш не спиела таму.
По родителите и Марија Шерифовиќ се огласи но таа го направи на својот Инстаграм профил.

Како бомба одекна веста дека пејачката Марија Шерифовиќ е во емотивна врска со победничката на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ.
Имено, изминатите неколку дена српските медиуми пишуваа дека наводно Џејла секогаш кога е во Белград спие во станот на Марија и дека меѓу двете пејачки постои нешто повеќе од пријателство.

По тој повод се огласи и Марија на „Инстаграм“.
-Искрено, не планирам да ги коментирам вестите во медиумите во поседните пет, шест дена, но бидејќи гледам дека се вмешани и членови на нашите семејства, должна сум да ви кажам една работа.

Никогаш не беше тајна дека по натпреварувањето се разви пријателство меѓу нашите семејства кое сигурно нема да заврши поради лоши идеи, намера, наводи или било што слично“, изјави Марија и ги демантираше написите дека е во врска со Рамовиќ.
-Така да се што сте прочитале е огромна лага. Не е фер да измислувате изјави на татко ми, човек кој моментално е болница и чека операција, изјави Шерифовиќ.
ФОТО: Џејла Рамовиќ / Инстаграм
ФОТО: Џејла Рамовиќ / Инстаграм
ФОТО: Џејла Рамовиќ / Инстаграм
ФОТО: Џејла Рамовиќ / Инстаграм
ФОТО: Џејла Рамовиќ / Инстаграм
ФОТО: Џејла Рамовиќ / Инстаграм