Џенифер Лопез никогаш не изгледала подобро – го истакна деколтето и ги покажа стомачните
На познатата актерка и пејачка очигледно и годи врската со помладиот бејзбол играч Алекс Родригез, со кого е од почетокот на 2017, па во последно време изгледа се поубаво и поубаво.
Џенифер Лопез поради редовните тренинзи и здравата исхрана има тело од милион долари. Таа често носи смели комбинации кои во преден план ги истакнуваат нејзиното деколте и стомачните мускули, а така беше и овој пат кога се прошета во совршено летно издание.
Познатата актерка и пејачка овој пат избра панталони со висок струк со сиви, тенки риги и сличен секси горен дел, а целото издание го заокружи со кратко бело болеро и големи обетки – прстени кои се нејзин заштитен знак на кој му е верна од самите почетоци на својата кариера.
Покрај ова познатата латино дама која годинава ќе го прослави 49-от роденден носеше и елегантни беж сандали со дебели високи потпетици и голема чанта од Шанел.
Па, дали ви се допаѓа Џеј во ова издание?