Џамбо Агушев со шокантно сведоштво за Ферус Мустафов – му удрил ШЛАКАНИЦА, па еве што направил познатиот музичар
Кралот на трубата откри како го добил својот прекар.
Џамбо Агушев и Оркестарот Агушеви важат за едни од најдобрите и најуспешните музичари во регионот.
Речиси и да нема човек кој не го знае Џамбо, но малкумина знаат дека неговото вистинско име е Исин.
Тој при гостување во емисијата „Магазин“ на Сител откри дека прекарот го добил од Ферус Мустафов кој исто така е музичка легенда.
-Беше кај нас на гости, дека фамилијарно многу си живееме, и почнав да свирам нешто, и Ферус вика: Аааај, овој како свири! И ме зема кај него и вика: Ај ќе ти направам јас еден албум, тогаш имав 11 години. После тоа Ферус ми вика: Ти си брз како Џамбо џет авион, ќе ставиме прекарот Џамбо-откри тој.
Џамбо исто така нагласи дека Ферус многу му помогнал, го учел да свири, но знаел да биде и строг.
-Во студиото имаше соба и ме остави да се одморам, а јас заспав. Откако ме разбуди ми рече ајде свири, но јас не можев и тогаш му удри една шлаканица и јас почнав да свирам. Од страв почнав се да запаметувам. „А, тебе ти треба ќотек, да памтиш се“ ми рече Ферус, ама јас не се лутам он е добар човек-откри Џамбо.
Тој откри дека трубата ја засакал уште како многу мал кога имал само три години, па тргнал по стапките на неговиот чичко Кочо Агушев.
Инаку Џамбо е во брак со Асена и имаат три деца.
Тој откри дека ја запознал сопругата за време на настапот на Агушеви во Германија, Џамбо ја забележал Асена во првиот ред во публиката и веднаш му паднала во око. Кога се доближила да се фотографира со него, тој ѝ побарал телефонски број и така започнала нивната љубов.