Ќерката на Цеца конечно го покажа новото момче (фото)
Ќерката на Цеца со своето момче уживаше на Миконос
Младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ се врати од грчкиот остров Миконос на кој беше заедно со нејзиното ново момче Ѓорѓе Куљиќ, а денес ќе го прослави 21 роденден во еден познат белградски ресторан.
Убавата ќерка на Цеца која важеше за една од најпознатите тинејџерки на Балканот и која во периодов мошне успешно заплови и во музичките води, приватниот живот и врската со Ѓорѓе досега ја чуваше далеку од очите на јавноста.
Но Анастасија реши да го промени тоа, и тоа токму пред големата роденденска журка која што ја прави вечерва.
Имено, таа сподели прва заедничка фотографија со која ги воодушеви своите обожаватели.
На фотографијата Анастасија и нејзината посилна половина Ѓорѓе се десно, со нивен заеднички пријател. Како што пишувавме и претходно, згодното момче на Анастасија е од Нови Сад и потекнува од угледно семејство.
Ѓорѓе во центарот на вниманието беше во 2014 година кога, наводно, беше во романса со Станија Добројевиќ. Иако познатата старлета тоа не сакаше тогаш да го потврди, нивните заеднички фотографии од еден хотел во Црка Гора завршија во медиумите, а мускулестиот Куљиќ медиумите го поврзуваа и со познатата српска манекенка Софија Милошевиќ.