Ќерката на Стивен Спилберг ќе снима филмови за возрасни, од славниот режисер доби поддршка да си го оствари сонот
Режисерот Стивен Спилберг ја поддржа желбата на својата ќерка Микаела да се оствари како актерка во филмови за возрасни.
Микаела Спилберг, посвоената ќерка на Стивен Спилберг, неодамна објави дека планира да започне кариера во индустријата за возрасни. Како што објасни, оваа работа и влева сила и самодоверба.
Во интервју Микаела рече дека и нејзиниот татко и мајката Кејт Кепшоу ја поддржуваат во нејзиниот избор.
„Не гледам ништо лошо, ниту причина за срам зошто не постои фасцинација за индустријата за возрасни. Бебзбедноста секогаш ми била на прво место и не го правам ова за некого да повредам, тука за да го славам своето тело и својот живот3, рече Микаела.
Ќерката на Спилберг веќе некое време објавува сопствени снимки, но повеќето видео – клипови се отстранети од интернет.
Микаела објасни дека после долгогодишната борба со алкохолизмот и анорексијата, смета дека овој повиќ ќе ја направи посилна.