Ќе се слави во домот на шармантниот виолинист од Македонија – пристигнуваат честитки од сите страни, на среќата и нема крај!
Летово направија свадба за паметење, а сега имаат нова причина за славење.
Илија Филиповски важи за исклучително добро воспитан, културен и секогаш насмеан. Со својата виолина успева да ја крене на нозе целата публика.
Годинава тој ја запроси својата девојка Анастасија и направија голема свадба, а нивната веселба ја збогатија и неговите колеги меѓу кои Влатко Лозановски и неговиот колега хармоникашот Војче Петрушев.
Сега Анастасија и Илија имаат голема причина за славање, односно добија син.
Веста на социјалните мрежи ја сподели Илија, а честитки пристигнуваат од сите страни.
-Фала ти Господе, станав татко, ми се роди син! Ве сакам најмногу-напиша пресреќниот татко.
Илија својата саканата запроси на Матка а Анастасија со гордост го покажа преубавиот прстен.
„Таа рече ’да‘. Те сакам Анастасија“, напиша музичарот, кој ретко објавува привати фотографии.
Инаку Илија со музичката, односно свирењето започнал уште од млад, а на малите екрани го гледаме долги години.
Веќе три години Илија е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
Освен со „Танец“ Илија е ангажиран и со групата „Маестро“.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека тој и хармоникашот Војче Петрушев со кој заедно се дел од групата се поврзани и на друг начин, односно Илија му е кум на Војче, но двајцата наликуваат како да се браќа.