Ќе се изненадите какви љубовни пораки добива најпознатата водителка во Македонија – најромантичното нешто што ќе го прочитате денес!
Убава и згодна привлекува внимание каде и да се појави.
Важи за една од најубавите водителки во Македонија и една од најпопуларните инфлуенсерки во Македонија.
Лила Филиповска освен што ја гледаме секој ден на „Сител“ во квизот „Се или нешто“, таа секојдневно има интересни објави на Инстаграм.
Сепак во последните денови Лила ја заинтригира јавноста откако објави дека неколку недели по ред на ист ден добива цвеќе со порака од таен обожавател.
Четврта среда по ред таа доби црвени ружи со интересна порака која гласеше:
„Ако животот ти даде само мал дел од тоа што ти го посакувам, ќе бидеш бескрајно среќна“ гласеше пораката, а Лила ја замоли цвеќарницата да го открие идентитетот на испраќачот.
Единаесетте црвени ружи Лила ги смести во вазна во дневната соба, а испраќачот остана мистерија.
Инаку, и претходната среда, Лила доби исто така подарок букет со рози, а имаше порака: „Храброст е да љубиш без да очекуваш нешто за возврат“.
Додека пак во друга порака напиша: „Се молам ништо да не го изгасне сјајот во твоите очи“.
Засега испраќачот останува мистерија и останува да видиме дали и наредната недела Лила повторно ќе добие ружи и можеби конечно ќе соопшти за кого се работи.
Сепак Лила својот љубовен живот го крие далеку од очите на јавноста, а досега единствен маж за кого вели дека е љубов на нејзиниот живот е нејзиниот син Филип.
Имено Лила неодамна објави фотографија со својот син Филип, а по фотографијата напиша“ една љубов“.