Ќе се воодушевите од трансформацијата – Маја Оџаклиевска потполно го промени имиџот
Никој не очекуваше да направи ваква промена.
Нашата позната пејачка Маја Оџаклијевска реши да го промени својот изглед, па ја скрати косата и ја бојадиса во платинесто руса боја.
Маја веќе одамна не е црвенокоса онака како што ја памтат многумина кога важеше за една од најпосакуваните дами на јавната сцена и тоа не само во Македонија, туку и во цела поранешна Југославија. За разлика од порано, таа до неодамна имаше долга, но руса коса со која никого не оставаше рамнодушен. Но таа реши да го промени својот изглед, па ја скрати косата и ја бојадиса во платинесто руса боја.

Таа во ова издание се појави во една емисија, и според многумина изгледа како холивудскa дивa.
Убавата бујна коса до рамењата ја истакна нејзиниот шарм и грациозните црти на нејзиното убаво лице.

Инаку, Маја е една од ретките познати јавни личности од поранешните Југословенски републики кои досега немаат направено ниту еден зафат кај пластичен хирург. Таа достоинствено старее, а во последно време ретко ја гледаме во медиумите бидејќи поголемиот дел од своето време го минува со своето внуче Лука кое боледува од аутизам.