CelebrityНовости

Ќе биде ли Ѓоковиќ „лошото момче“ во тенисот? – Поддршка на Ноле му дадоа голем број пријатели, меѓу кои и ќерката на Цеца

Advertisement

Огромна поддршка пристигнува на адресата на првиот српски рекет поради дисквалификацијата на УС опенот, поради ударот врз линијскиот судија.

Меѓу првите се огласи неговата сопруга Јелена, а по неа Анастасија Ражњатовиќ.

Advertisement

За потсетување, Ѓоковиќ веднашш по инцидентот се огласи на социјалните мрежи и ја расплака цела Србија.

Advertisement

-Оваа ситауција ме направи тажен и празен. Судијката е добро, не би сакал да кажам како се вика, битна е нејзината приватност. Многу ми е жал што и нанесов таков стрес. Не беше намерно.

-А, за мене ова непријатно искуство, сакам да го претворам во важна животна лекција, за да можам и понатаму да растам како човек, но и како тенисер, напиша Ноле.

По овој инцидент се огласи и освојувачот на седум Гренд-слем титули, Џон Мекинро (САД), кој кажа дека по дисквалификацијата на УС Опен, Новак Ѓоковиќ е веќе стана „лошото момче“ на тенисот.

Експертот за „Еуроспорт“, познат по насилниот темперамент и остриот јазик, рече дека не очекувал таков чин од Србинот, особено во ситуација кога тој е очигледен фаворит.

– Притисокот му дојде премногу. Ѓоковиќ ќе биде „лошото момче“ до крајот на својата кариера, сакал тој или не. Ако ја прифати оваа улога, мислам дека ќе може да се опорави. Многу се случи околу него во последните месеци, но она што се случи синоќа е дамка што Новак нема да може да ја избрише – изјави популарниот „Биг Мек“ за „ЕСПН“.

Според Мекинро, важно е многу како од оваа ситуација ќе излезе познатиот тенисер. Останува да видиме што ќе покаже времето, и дали навистинаНовак за светот ќе стане „лошото момче“ или овој момент ќе биде заборавен во тенискиот свет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button