Новости

Љубовта ПОБЕДУВА: Родителите не ѝ дозволувале да се омажи за нејзината ПРВА ЉУБОВ – на 78 години станала негова жена

Advertisement

Парот кој првпат се обидел да се венча во 1963 година, но биле разделени кога родителите на невестата го прекинале бракот, конечно ги кажаа своите завети пред да наполнат 80 години, 60 години подоцна.

ФОТО: Принтскрин

Лен Олбрајтон (79) и Жанет Стир (78) првпат се вериле во 60-те години, а се запознале на островот Вај, а подона планирале да се преселат во Австралија за да започнат нов заеднички живот.

Но, кога имала само 18 години, на Жанет ѝ била потребна дозвола од родителите за да се омажи за Лен, кој тогаш имал 19. Во тоа време, пред да наполнат 21 година, младите немале право да стапат во брак без дозвола од родителите.

Advertisement

Кога свадбата и романсата биле оставени на страната, Лен одлучил да си го освари својот животен сон и да се пресели во Автралија, бидејќи никогаш не бил среќен во Англија.

60 години подоцна, двојката повторно се сретнува и одлучива да стапи во брак.

Кога родителите на Жанет првпат ја прекинале свадбата, тие исто така не ѝ дозволиле да се пресели во Австралија, што значи дека Лен, кој веќе се преселил таму, останал сам.

Advertisement

Со скршено срце, Лен добил писмо од Жанет во кое му напишала дека ја раскинува нивната свршувачка.

За време на децениите додека биле разделени, изгбиле контакт еден со друг и продолжиле да го живеат својот живот, а воедно оформиле и свои семејства.

Лен се оженил во Австралија и изградил куќа на парцелата што првично ја купил за да направи дом со Жанет. Со текот на годините, тој станал татко на три деца.

ФОТО: Принтскрин

Во меѓувреме, Жанет останала на островот Вајт, каде што таа и Лен пораснале, се омажила за поморски офицер и со него добила две деца, а имала и успешна кариера како медицинска сестра.

Но, кога бракот на Лен завршил во 2015 година, тој одлучил да ја побара Жанет за да види дали е сè уште жива и дали воопшто се сеќава на него.

Тогаш тој имал 71 година и по разводот се преселил во Стивениџ, па отишол до островот Вајт за да ја пронајде Жанет.

„Бев исплашен не знаев каква ќе биде нејзината реакција или дали воопшто ќе ја видам. Отидов без очекување. Не беше лесно да се најде место, но го направив“.

„Само се надевав дека е добро – не очекував ништо друго. Многу сум изненаден од исходот на моето патување таму долу и многу среќен!’

ФОТО: Принтскрин

Тој застанал надвор од нејзината ограда, гледајќи во куќата, а потоа жена излегла за да провери кој е тој.

Жанет, која во тоа време сè уште била мажена за нејзиниот прв сопруг, не го препознала неговото брадесто лице, знаејќи го како избричено момче на 19 години, но била вчудоневидена откако открила дека станува збор за нејзината тинејџерска љубов.

„За малку ќе умрев кога сфатив дека тој стои покрај мојата градина“, рекла таа.

„Мило ми беше што ме погледна – многу мислев на него во тоа време“.

Сепак, таа го истерала Лен, а на сопругот му рекла дека станува збор за стране кој само барал насоки.

Две години по нивното ненадејно обединување, сопругот на Жанет за жал починал од рак.

По неговата смрт, Жанет и Лен повторно се обединиле, откако таа одлучила да го побара на неговата адреса од честитката која ѝ ја ипратил за Божик.

Љубовта повторно се распламтила, па Лен ја поканил Жанет да живее со него во Стивенејџ. Минатата година тој и ја запросил, а овој пат не постоеле никакви пречки за љубовта да ја крунисаат со брак.

Парот се венчаше на 11 февруари, на мала церемонија во која беа вклучени нивните деца, внуци и правнуци.

„Животот во брак е фантастичен – не може да биде подобар“, рече Жанет.

„Убаво е да имаш некој што се однесува со мене со почит. Ми се допаѓа да правам сѐ и сешто со Лен“.

Лен рече: „Повторно се заљубивме. Си читавме песни и си разменивме прстени – се разнежнив кога ги читав моите. Бев обземен од мојата љубов кон неа“.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button