Јашар Ахмедовски откри нови детали за животот на Тоше, ова никој не го знаеше – „Го исфрлија од конкуреција“
Остана непребол и рана во сечие срце.
Македонскиот пејач со ангелски глас, Тоше Проески својот живот трагично го зaагуби на кобниот 16 октомри 2007 година во страшната cooбраќајна нecреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Денот кога плачеше целиот регион. Возачот на неговиот „фолсваген туарег“, Гергиј Георгиевски удри во камион со италијански регистерски таблички, а потоа во заштитна ограда. Згасна млад живот, живот полн со надеж, а зад себе остави многу љубов, песни кои засекогаш ќе се слушаат, сеќавања на неговите извонредни концерти и неговиот неверојатен глас.
Се родил во Прилеп во 1981 година.
Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, победувајќи со песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.
Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната ,,Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа ,,Авалон“, кадешто остана се до истекувањето на неговиот договор во април 2002.
Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак беше познатиот израз – Ве сакам сите.
Тој секогаш велеше дека негова најолема поддршка е неговото семејство, за кое секогаш со гордост зборуваше.
Славен Ристевски, сопругот на неговата сестра, во интервју за Новости.рс раскажа како и ден денес изгледа собата на Тоше, 14 години по неговата cмрт.
„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја ублажува болката. Човекот само учи да живее со тагата и грдата вистина. Но, некогаш денот е долг како година.
Неговата соба остана целосно иста. Тука се сите фотографии, неговата облека, играчките“, откри Славен за Новости.
Тој вели дека сите се сеќаваат на убавите моменти со пејачот.
„Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Често се децата ги разгледувам старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас“ вели зетот на Тоше.
Инаку, заедно со него во cooбраќајната нecреќа беше и неговата долгогодишна менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот на автомобилот, но тие поминаа без повреди. По тој кобен ден, Лилјана целосно се повлече од медиумите.
Се пресели во Србија, и одбиваше да дава изјави за медиумите. Единствено познато за неа беше тоа што започнала да одгледува лаванда, и ставила крај на кариерата како менаџер.
По загубата на Тоше, таа беше мета на осуди и напади од јавноста, медиумите и фановите на нашиот ангел, а најмногу поради начинот на кој ја водела неговата кариера.
„Сметам дека не правев ништо погрешно. Да, кога би ги вратила стрелките на часовникот нананзад, не би сменила ништо во врска со неговата кариера. Уверена сум дека, ако не се случеше неcpеќата, Тоше денес ќе имаше светска кариера“ изјави Пертовиќ за „Фокус“.
Таа се грижеше за неговата кариера долги години. Четириесет дена по неговата cмрт, во 2007 година, јавно и порача на јавноста дека секогаш ќе ја сака Македонија, и како треба да го почитуваме она што го имаме.
„Многу ви забележувам на сите, особено на медиумите кои се главни кај народот. Затоа што не знаевте колку е голем Тоше. Затоа што требаше да го изгубите, па тогаш да сфатите колку вреди. Затоа што никогаш никој не го слушна мојот повик дека е толку вреден. Тоа беше потполно неважно“, изјави тогаш Лилјана Петровиќ.
Македонскиот фолк-пејач Јашар Ахмедовски во најавата за емисијата „Печат во времето“, откри голем број непознати детали од својот живот, но, и за почетоците во кариерата на Тоше Проески.
Тој раcкажа Тоше бил одбиен од жирито на едно популарно музичко натпреварување во деведесетите години, кое тој го организирал во прилепското село Лажани.
„По смpтта на мојот брат Ипче, јас го организирав фестивалот „Ипче фест“ во Лажани. На тој натпревар доаѓаа 30 до 40 илјади луѓе. Дури и Тоше Проески дојде и се пријави на конкурсот, но тој не се натпреваруваше, бидејќи сепак стануваше збор за народна музика, па го исфрлија од конкуренција. Јас не бев во жирито, но, другите така проценија“, раскажа Јашар.