Ја исмеваа поради бемката, а таа ја направи славна – Синди Крафорд го слави 54. роденден и само за ова не се кае
Синди Крафорд денеска го слави 54. роденден, а и натаму плени со убавина како и на почетокот на својата кариера.
Синди ќе остане запаметена по бемката над усната, која ја направи планетарно популарна и единствена, иако од најраното детство поради неа имаше проблеми.
Имено, врсниците ја исмеваа, па во еден момент планирала да ја отстрани хируршки бемката, во мајката ја спречила во намерата.
„Мојата мајка секогаш зборуваше: ’Знаеш како ти изгледа бемката, но не знаеш како ќе ти изгледа лузната’. Сега таа стана нешто по што луѓето ќе ме паметат, а многу жени со бемка се идентификуваа со мене“, рече Синди во една прилика.
Синди беше на врвот на славата во 90-тите години. Беше дел од славната петорка заедно со Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон и Линда Еванџелиста, и тогаш ја заработи ласкавата титула супермодел.
Красеше над 600 насловни страници на најпрестижните списанија, како „Вог“ и „Ел“.
Ја посакуваа сите во кампањите, а блескаше на ревиите на „Шанел“, „Долче и Габана“, Џанфранко Фере, Роберто Кавали, Оскар де ла Рента, „Живанши“ и други престижни брендови во светот на модата.