Бренд што обожаваме да го носиме
Модната куќа „Massimo Dutti“ секогаш нуди квалитетни и убави парчиња кои им се омилени на многу девојки. Тие го претставија едиторијалот „City Rules“ во кој ќе најдете совршени парчиња за студената сезона.
Од тренди здолништа, панталони, кошули и сакоа, до деловни изданија и неодоливи фустани, овој пат во центарот на вниманието се нешто поопуштените кроеви кои овој пат можете да ги носите и во деловни изданија, но и во секојдневните дружби со пријателите. Оваа година посебно популарни се каубојските чизми кои можете да ги носите со фармерки и сакоа од сомот, потоа долгите топли џемпери, карираните дезени и кратките капути во впечатливи бои.
Погледнете го едиторијалот и изберете ги вашите омилени модели за оваа есен.